/ Прочитано:

1.252

УПОЗ денеска ќе одлучува дали ќе излезе на штрајк на 3 мај

Како што информираат од УПОЗ, на вчерашната средба со министерот за правда, Валдет Џафери, биле информирани дека на седницата на Владата се расправало за информацијата на Министерството за правда за зголемувањето на платите на вработените во судската служба. Министерството за правда ја поднесе информацијата за зголемување на платите на вработените во судската служба на барање на Синдикатот на УПОЗ и ЗСА.

Штрајк на УПОЗ од 3 декември 2015

Извршниот одбор на Претседателството на Синдикатот на УПОЗ и Извршниот одбор на ЗСА на заеднички состанок, закажан за денеска, ќе ја разгледуваат информацијата од Министерството за правда според која e прифатено барањето на Синдикатот за зголемување на платите на судската администрација.

Како што информираат од УПОЗ, на вчерашната средба со министерот за правда, Валдет Џафери, биле информирани дека на седницата на Владата се расправало за информацијата на Министерството за правда за зголемувањето на платите на вработените во судската служба. Министерството за правда ја поднесе информацијата за зголемување на платите на вработените во судската служба на барање на Синдикатот на УПОЗ и ЗСА.

„За Синдикатот на УПОЗ и ЗСА ова е позитивен исчекор во решавање на барањето за израмнување на додатоците на плата од 35 %. Со оглед на тоа што Владата на РМ позитивно се изјаснила по барањето за зголемување на додатоците на плата од 35 % за вработените во судовите, Извршниот одбор на Синдикатот на УПОЗ, во проширен состав, на денешната седница ќе се изјасни по предлогот штрајкот закажан за 3 мај да се одложи за 10-тина дена со цел да се овозможи Судскиот совет и Министерството за финансии да го реализираат Заклучокот на Владата“, велат од УПОЗ.

Синдикатот на УПОЗ и ЗСА сметаат дека десетина дена се доволни да се реализира барањето целосно.

Доколку се прифати ваквиот став, штрајкот закажан за 3.5.2016 година ќе се одложи, а доколку во дополнителниот рок не биде реализирано барањето, штрајкот ќе биде закажан во нов термин, за што дополнително ќе бидат известени синдикалните организации од судовите.