/ Прочитано:

1.128

УПОЗ И ЗСА: Револт меѓу вработените во судовите за додатоците на платата

Синдикатот на УПОЗ и Здружението на судската администрација реагираат на, како што велат, апсурдната одлука на Судскиот буџетски совет за исплата на додатоци на плата со кои судиите си поделија додатоци во износ од 6.000 до 9.000 денари, а за судските службеници само од 500 до 1.500 денари, како и за немањето желба да ги исплатат парите на сите учесници во штрајкот во 2016 година (судската полиција, помошно-техничкиот персонал, пензионираните работници и работниците преминати во друга организација).

„Со оваа апсурдна одлука на Судскиот буџетски совет судиите за исплата на додатоци на плата за септември и октомври си поделија додатоци во износ од 6.000 до 9.000 денари, а за судските службеници само од 500 до 1.500 денари. Според Синдикатот, со ваквата одлука се привилегира една категорија на вработени – судиите кои го злоупотребуваат Судскиот буџетски совет со кој самите располагаат. И оваа одлука покажа и докажа дека нема крај на апсурдите на Судскиот буџетски совет и тоа со исплата на додатоци на плата и за членови на Судскиот совет што е спротивно на законот, а за месец септември и октомври наместо по 5% и за судиите и за судските службеници тие си доделија 10% со апсурдно образложение дека во месец септември судските службеници добиле покачување на плата од 5%, и со цел да не останат ‘покуси’ тие го прекршија законот повторно. Дали ова се прави од незнаење или намерно, но можеме да ги потсетиме дека нивните плати се регулирани со закон и очигледно не прават разлика што е плата а што е додаток на плата“, велат од УПОЗ и ЗСА.

Генералниот секретар на Синдикатот на УПОЗ, Трпе Деаноски, вели дека ваквата одлука може да ја коригира само Судскиот буџетски совет, кој има независен буџет, и затоа бараат корекција на ваквата одлука, како и конечна исплата на задржаните плати за време на штрајкот за сите вработени и итно донесување на правилникот за судска полиција, во спротивно следува штрајк.

„Синдикатот на УПОЗ и Здружението на судска администрација најпрвин сакаат да го решат проблемот со дијалог, доколку не, се знаат нашите чекори. Доколку бидеме игнорирани од страна на Судскиот буџетски совет, следната недела стапуваме во протест сите судови, а ќе размислуваме и за други начини на бојкот на работата и последното решение на синдикатот секогаш е штрајкот”, рече Трпе Деаноски, генерален секретар на Синдикатот на УПОЗ.

„Сето ова предизвикува револт меѓу вработените во судовите. Револтот произлегува бидејќи отсуствува критериум врз основа на кој една категорија на вработени во судовите се одделуваат од останатите вработени. Судската служба има легитимно право да бара од Судскиот буџетски совет одговор врз кој критериум една категорија на вработени е привилегирана и добива додаток на плата двојно повисок од судските службеници”, истакнува Сашо Темелковски од Здружението на судската администрација.

„Да потсетиме. И покрај бројните ветувања на судските службеници сѐ уште не им се исплатени платите од 2016 година, за периодот додека протестираа. Станува збор за 40 отсто од плата за месеците јуни и јули“, додаваат од УПОЗ.

Здружение на судии: Во што пократок рок да се исполнат останатите обврски во врска со платите на судиите

Судските службеници ќе добијат право за исплата на додатоци на плата

Законските измени за платите на судските и на јавнообвинителските службеници влегуваат во процедура на донесување

Соопштение на УПОЗ за најава за штрајк доколку не се најде конечно решение за судските службеници

УПОЗ бара оставка од Судскиот буџетски совет

УПОЗ: Штрајкот продолжува. Штрајкувачите ќе лобираат кај пратениците и претседателите на судови за поддршка на барањата

ШТРАЈК НА СУДСКАТА АДМИНИСТРАЦИЈА: Преговори со надлежните институции закажани за идната недела

„Бараме да се повлечат лошите закони“ – протест на судската администрација

ДА СЕ ВРАТИ СТАРОТО РАБОТНО ВРЕМЕ ОД 7:30 ДО 15:30 – едно од барањата на УПОЗ и ЗСА на утрешниот штрајк

ШТРАЈК НА СУДСКИТЕ СЛУЖБЕНИЦИ: „Да се измени штетниот и демотивирачки Закон за судска служба!“

„Ќе ја бојкотираме работата на судовите доколку не се измени Законот за судска служба“ – БОРЧЕ МИРЧЕСКИ, претседател на Здружението на судска администрација

 ЗДРУЖЕНИЕТО НА СУДСКА АДМИНИСТРАЦИЈА БАРА ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СУДСКА СЛУЖБА: Законот е противуставен, демотивирачки и дискриминирачки

НЕ БИДЕТЕ ОПУШТЕНИ, МОЖЕТЕ ДА БИДЕТЕ ОТПУШТЕНИ – УПОЗ ги повикува судските службеници, судските полицајци и административните службеници на првомајски протест

М.В