/ Прочитано:

2.703

УПОЗ: Од утре судската администрација на штрајк

Синдикатот на УПОЗ и Здружението на судската администрација, кои одржаа предупредувачки штрајк во декември минатата година и дводневен штрајк и протест во март оваа година, за утре најавуваат нов штрајк поради игнорантскиот однос на институциите во поглед на решавање на нивните барања.

akad 4

Од утре судската администрација повторно излегува на штрајк кој, според најавите, ќе трае до исполнување на барањето за зголемување на додатоците за плата.

Синдикатот на УПОЗ и Здружението на судската администрација, кои одржаа предупредувачки штрајк во декември минатата година и дводневен штрајк и протест во март оваа година, за утре најавуваат нов штрајк поради игнорантскиот однос на институциите во поглед на решавање на нивните барања.

Пред една недела, на состанок со претседателите на синдикалните организации од судовите, бил презентиран допис доставен до Синдикатот на УПОЗ од Судскиот буџетски совет кој на седница одржана на  6.5.2016 година го поддржал барањето на Синдикатот и донел заклучок да се обрати до Министерството за финансии со цел тоа да постапи во согласност со препораката на Владата на Република Македонија и да обезбеди финансиски средства за зголемување на надоместоците и додатоците на вработените во судовите.

Штрајк судска администрација

На состанокот, исто така, беше констатирано дека активностите преземени од министерот за правда и од Судскиот буџетски совет, како и ставот на Владата на Република Македонија, треба конечно да го решат настанатиот конфликт. Тогаш УПОЗ го одложи штрајкот кој го планираше за 10 мај со предупредување:

„Доколку Министерството за финансии реши да ја игнорира препораката на Владата и ставот на Судскиот буџетски совет, тогаш Синдикатот дополнително ќе го одреди датумот за почеток на штрајкот кој ќе трае до целосно исполнување на барањето. Ова е конечна одлука на Синдикатот на УПОЗ и веќе нема простор за дијалог, а на вработените штрајкот ќе им остане како последно средство во синдикалната борба“, беше наведено во соопштението на УПОЗ.