/ Прочитано:

1.290

УПОЗ: Побарана е поддршка од пратеничките групи за измена на Законот за судска служба по итна постапка во делот на додатоците на плата

Пред претставниците на политичките партии било прецизирано дека барањето за измена на Законот за судска служба во делот за додатоците на плата треба да се спроведе во најкраток можен рок, а постапката за измените на Законот за судска служба во другиот дел преку редовна постапка да започне да се спроведува по годишните одмори.

Штрајк на судска администрација од 03 декември 2015 година

Штрајкот на судската администрација и барањата за зголемување на додатоците на плата ќе бидат на дневен ред на состанокот во Министерството за правда на кој ќе присуствуваат претставници на Министерството, на Врховниот суд, на Судскиот совет и на Здружението на судии, велат од УПОЗ.

Тие наведуваат дека и наредните денови ќе прават напори за решавање на ситуациите со штрајкот, но исто така додаваат дека додека нема никаква измена, штрајкот ќе се одвива според упатствата кои се веќе познати.

Од УПОЗ информираат дека вчера делегација од Синдикатот на УПОЗ и Здружението на судска администрација остварила средби со координаторите на пратеничките групи во Собранието за изнаоѓање на решение за измени на Законот за судска служба, и тоа: по скратена постапка во делот за додатоците на плата и во редовна постапка за останатите одредби од Законот за судска служба.

Пред претставниците на политичките партии било прецизирано дека барањето за измена на Законот за судска служба во делот за додатоците на плата треба да се спроведе во најкраток можен рок, а постапката за измените на Законот за судска служба во другиот дел преку редовна постапка да започне да се спроведува по годишните одмори.

„Од одржаните средби со претставниците на пратеничките партии ДУИ, ДПА и СДСМ беше констатирано дека барањата се прифатливи и дека треба да се поддржат бараните измени, меѓутоа конкретниот став ќе го соопштат по состаноците што ќе ги одржат со своите пратенички групи“, велат од УПОЗ.

По добивањето на официјалните ставови од политичките партии со кои беше преговарано, сите синдикални организации ќе бидат известени за натамошните чекори на штрајкот, како и за официјалните ставови на политичките партии. Во меѓувреме ќе се прават напори да се остварат средби и со другите релевантни фактори од судската и од законодавната власт.