/ Прочитано:

2.186

УПОЗ: Владата не може да го дерогира утврденото право за флексибилно работно време

„Вчера на седница на Владата на Р.С. Македонија е донесена времена одлука за промена на работното време во администрацијата со која се утврдува ново работно време со почеток од 08.00 часот до 16.00 часот. Со тоа, променета е претходната одлука со која од 1-ви септември 2017 година, беше утврдено флексибилно работно време со почеток од 07.30 до 08.30 и завршеток од 15.30 до 16.30 часот. Синдикатот на УПОЗ е затекнат од ваквата одлука бидејќи не беше информиран и консултиран како социјален партнер, со оглед на тоа што во Гранскиот колективен договор потпишан во почетокот на оваа година, е утврдено дека работното време е флексибилно.

Денес Синдикатот на УПОЗ реагираше и се обрати до Владата на Р.С. Македонија во врска со вчерашната одлука за промена на работното време и бара истата итно да биде повлечена.

Ваквата одлука, за Синдикатот на УПОЗ е нејасна и конфузна и веднаш создаде револт меѓу вработените од причина што Владата со носењето на ваквата одлука сметаме дека не го почитува социјалниот дијалог, постапува спротивно на Конвенциите на Меѓународната организација на трудот и го негира Гранскиот Колективен договор за органите на државната управа, стручните служби на Владата на Република Северна Македонија, судовите, јавните обвинителства, казнено – поправните и воспитно – поправните установи, државното правобранителство, единиците на локалната самоуправа, агенциите, фондовите и центрите за социјални работи и другите органи основани од Собранието на Република Северна Македонија, кој Владата го потпиша на почетокот на оваа година.

Согласно членот 8 од Гранскиот Колективен договор работното време на вработените е флексибилно, започнува во 07:30 – 08:30 часот, завршува во 15:30 – 16:30 часот. Вака утврденото право не може и не смее да се дерогира со еднострани одлуки донесени од Владата или од било кој друг орган бидејќи се спротивни на сите позитивни законски норми.

Синдикатот на УПОЗ се надева дека Владата на Р.С. Македонија ќе ја преиспита ваквата одлука и истата ќе ја повлече бидејќи флексибилното работно време беше наше барање и таа одлука беше позитивно прифатена од вработените и даде позитивни резултати“, соопштуваат од УПОЗ.

Аргументите на УПОЗ за 7-часовно работно време и за прогласување на 2 јануари и 2 мај за неработни денови

УПОЗ бара работното време да биде 7 часа, а 2 јануари и 2 мај да бидат неработни денови

ФЛЕКСИБИЛНО РАБОТНО ВРЕМЕ: Од утре започнува двосменското работење во повеќе државни институции и во градинките

Одлука на Владата на РМ: Од 1 септември флексибилно и сменско работење на администрацијата

ДА СЕ ВРАТИ СТАРОТО РАБОТНО ВРЕМЕ ОД 7:30 ДО 15:30 – едно од барањата на УПОЗ и ЗСА на утрешниот штрајк

ДА СЕ ВРАТИ „СТАРОТО“ РАБОТНО ВРЕМЕ ИЛИ ДА СЕ ВОВЕДЕ ФЛЕКСИБИЛНО РАБОТНО ВРЕМЕ – УПОЗ ја реактивира Иницијативата

Флексибилно работно време, скратено работно време на родител на новородено дете и татковско платено отсуство за намалување на родовиот јаз во платите 

М.В