/ Прочитано:

2.180

Управата за финансиска полиција достави пет кривични пријави против поранешни градоначалници

Од Јавното обвинителство известуваат дека Управата за финансиска полиција до Обвинителството доставила пет кривични пријави против поранешни градоначалници.

„Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција од страна на Управата за финансиска полиција прими пет кривични пријави против поранешни градоначалници на општините Струга, Свети Николе, Дебар, Студеничани и Долнени, како и против едно физичко и едно правно лице.
Кривичните пријави се поднесени поради постоење на основи на сомнение за сторени кривични дела – злоупотреба на службената положба и овластување од член 353 од Кривичниот законик и злоупотреба на Постапката за јавен повик, доделување на договор за јавнa набавкa или јавно-приватно партнерство од член 275-в од Кривичниот законик.
Кривичните пријави се проучуваат за донесување на понатамошна јавнообвинителска одлука по нив“, известуваат од Јавното обвинителство.

М.В