Управниот суд на чело со Виолета Богојеска денеска расправа по 60-те тужби поднесени од СДСМ
Вторник, 16 2013 – По вчерашната оставка на претседателот на Управниот суд на Исамедин Лимани, судот денеска на чело со Виолета Богојеска, одлучува по 60 тужби поднесени од СДСМ против одлуките на ДИК, за градот Скопје и општините: Бутел, Ѓорче Петров, Берово, Велес и Карбинци.
Вчера, Управниот суд прифати 32 тужби на ВМРО-ДПМНЕ, по што во недела (21.04.2013) пак ќе се избира градоначалник во скопската општина Центар и во општината Струга.
Со одлуките кои Управниот суд ги донесе се поништуваат гласачки места на кои има регистрирано над 6 илјади гласачи во Центар и Струга. Разликата меѓу кандидатите Андреј Жерновски и Владимир Тодоровиќ во вториот круг од гласањето изнесуваше 981 глас. Во вториот круг во Струга победи кандидатот Зијадин Села од ДПА, кој освои 5 илјади гласа повеќе од заедничкиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, Владо Кочоски. По одлуката на Управниот суд да ги прифати тужбите на ВМРО-ДПМНЕ за општините Центар и Струга, претседателот на Управниот суд Хусамедин Лимани вчера поднесе оставка.