/ Прочитано:

846

Управниот суд одби 26 тужби на ВМРО-ДПМНЕ по одлуките на ДИК за Куманово

Понеделник, 15 април 2013– Управниот суд одбил 26 од вкупно 30 тужби поднесени од ВМРО-ДПМНЕ по одлуката на Државната изборна комисија да не ги прифати приговорите за гласањето во Куманово.

Судот ги одбил и четирите тужби поднесени од ДУИ за општината Студеничани, каде што победи кандидатот на ДПА. 

ВМРО-ДПМНЕ до Управниот суд поднел и осум тужби на одлуките на ДИК за Струга. За 8-те тужби на ВМРО-ДПМНЕ   по одлуките на ДИК и 34 тужби за општината Центар, Управниот суд може да одлучува и денеска. Инаку, Државната изборна комисија ги одби сите приговори на владејачката партија за општината Центар, каде што повеќе гласа освои кандидатот на „Сојузот за иднината“, Андреј Жерновски. За Струга, пак, во ДИК беа прифатени само два приговора, но тоа не влијаеше на изборниот резултат во Струга, каде што повеќе гласови освои кандидатот за градоначалник на ДПА, Зијадин Села.