Управниот суд поништи две решенија на Комисијата за лустрација
Вторник, 8 јануари 2012 – Управниот суд поништи две решенија за лустрација, едното се однесува на поранешниот амбасадор во Полска Петре Накоски, a другото за некогашниот секретар на службата за државна бебзбедност Хетем Адеми.
Управниот суд во своето образложение наведува дека во процесот на нивната лустрација имало формално правни пропусти. Комисијата за верификација на фактите веќе за во четврток закажала седница на лустраторите на која ќе се разгледуваат пресудите, соопштува нивниот портпарол.
Од таму соопштуваат дека Комисијата ќе постапи по упатствата на судот и најверојатно во законскиот рок од 15 дена ќе поднесе и жалба.