/Прочитано:

448

Управниот суд постапувал по четири предмети за изборниот процес и поништил една одлука на Антикорупциска

Претседателот на Управниот суд, Бурим Сејдини, денес во просториите на Судот одржа информативна средба со медиумите во врска со изборниот процес 2019 година, односно за претседателските избори 2019 година и за предвремените избори за градоначалник на општините Охрид, Ново Село и Дебар за 2019 година.

„Управниот суд досега постапуваше по четири случаи поврзани со претседателските и предвремените избори за градоначалник на општините Охрид, Ново Село и Дебар, од кои три се одбиени и една е уважена.

Во петокот уважена е тужбата на Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, со која се поништува одлуката на Државна комисија за спречување на корупцијата од 17 април 2019 година за отворање на постапка за истражување на исплатата на субвенции“, изјави Сејдини.

Тој додаде и дека се отфрлени двете тужби на 1 ТВ против ценовникот на ДИК за изборно рекламирање, како и една тужба која се однесува за заштита на избирачкото право и во која се бара упис во Избирачкиот список.

Соопштението на Управниот суд во врска со поништената одлука

„УПРАВНИОТ СУД во совет составен од судиите: Драгослав Радичевски – претседател на советот, Лулзим Салиу и Дрита Мемети – членови на советот, со записничар Љубица Стојковска Перковска – виш судски соработник, одлучувајќи по тужбата на тужителот  Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, против Одлуката на Државна комисија за спречување на корупцијата број 12-2408/7 од 17.04.2019 година, за спречување на корупција и судир на интереси, на седницата на советот одржана на 19.04.2019 година, согласно член 36 став 2 од Законот за управни спорови, донесе пресуда Урп. бр. 21/2019 со која

Тужбата на тужителот Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, СЕ УВАЖУВА.

Одлуката на Државна комисија за спречување на корупцијата број 12-2408/7 од 17.04.2019 година, СЕ ПОНИШТУВА “, се наведува во соопштението на Управниот суд.

Постапката за вториот круг на претседателските избори

Официјални податоци на ДИК за првиот круг на претседателските избори

М.В