15 април, 2013 14:02
paula
/ Прочитано:
Управниот суд уважи 11 тужби на ДИК поднесени од ВМРО-ДПМНЕ за Општина Центар
Понеделник, 15 април 2013 – Управниот суд на Македонија досега уважи 11 тужби против Државната изборна комисија (ДИК), поднесени од ВМРО-ДПМНЕ за гласањето во Центар каде вториот изборен круг победи кандидатот Андреј Жерновски.
Од сите тужби до Управниот суд кои ги поднесе владејачката патија, одбиена е само една тужба за Општина Центар.
Владејачката партија поднесе вкупно 34 тужби против одлуките на ДИК за Центар. Досега Управниот суд уважи 11 тужби, а за останатите треба да одлучи во наредните неколку часа. Според уважените тужби, ќе има прегласување во општина Центар во најмалку 11 избирачки места.
Потоа ќе следи расправа за поднесените тужби од ВМРО-ДПМНЕ против ДИК за одбиените приговори за Струга. Според очекувањата, постапката за Струга ќе биде готова до околу 19 часот.
Во вториот изборен круг, Андреј Жерновски имаше предност од 981 глас во однос на неговиот против кандидат Владимир Тодоровиќ.