/ Прочитано:

20.578

Уредба со законска сила за примена на Законот за работните односи за време на вонредна состојба

Владата донесе Уредба со законска сила за примена на Законот за работните односи за време на вонредна состојба. Уредбата во целост:

Врз основа на член 126 став 1 од Уставот на Република Северна Македонија и член 36 став 1 од Законот за Владата на Република Македонија („Службен весник на Република Македонија“ бр. 59/00, 12/03, 55/05, 37/06, 115/07, 19/08, 82/08, 10/10, 51/11, 15/13, 139/14, 196/15, 142/16, 140/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 98/19), Владата на Република Северна Македонија, на седницата, одржана на 2 април 2020 година донесе

Уредба со законска сила за примена на Законот за работните односи за време на вонредна состојба

Член 1

Законот за работните односи („Службен весник на Република Македонија“ бр. 62/05, 106/08, 161/08, 114/09, 130/09, 50/10, 52/10, 124/10, 47/11, 11/12, 39/12, 13/13, 25/13, 170/13, 187/13, 113/14, 20/15, 33/15, 72/15, 129/15, 27/16, 120/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 110/19) ќе се применува за време на траење на вонредната состојба доколку со оваа уредба со законска сила не е поинаку уредено.

За продолжување на рокот за враќање на работникот на работа во случај кога работникот заради издржување на казна или изречена воспитна, или заштитна мерка, не може да ја врши работата за период пократок од шест месеца или заради отслужување воен рок или вршење на цивилна служба со надомест, притвор и во други случаи определени со закон, времено престанал да ја врши работата, утврден во член 45 став 3 од Законот за работните односи и на работник кој е упатен на работа во странство во рамките на меѓународно-техничка соработка, просветно-културна и научна соработка, во дипломатски и конзуларни претставништва, на стручно усовршување или образование со согласност и за потребите на работодавачот, како и на брачниот другар; на здравствените работници и здравствените соработници вработени во здравствени установи, упатени во хуманитарни или мировни операции во медицински тимови надвор од територијата на Република Северна Македонија и на воените обврзници од резервниот состав на Армијата на Република Северна Македонија – активен резервен персонал, aнгажирани во единиците на Армијата на Република Северна Македонија заради учество во мировни операции надвор од територијата на Република Северна Македонија согласно со закон, а чие упатување, односно ангажирање бара привремено да престанат да работат кај работодавачот во траење до осум месеци, утврден во членот 152 ставови 1, 2 и 3 од Законот за работните односи на кои им мирува работниот однос, за време на траење на вонредната состојба се применуваат одредбите од оваа уредба со законска сила, за користење на годишниот одмор за 2020 и неискористениот дел од годишниот одмор за 2019 година на работникот, годишниот одмор кој што не бил искористен во тековната календарска година заради отсутност поради боледување или повреда, породилен одмор или одмор за нега и чување на дете и годишниот одмор на работник кој работи во странство, согласно член 141 ставови 2, 3, 4 и 5 од Законот за работните односи и за правото на платено отсуство од работа на работничка која користи отсуство за време на бременост, раѓање и родителство и посвојување на дете, согласно член 165 ставови (1) и (6) и надоместокот на плата на работникот кој користи отсуство поради бременост, раѓање и родителство согласно член 170 од Законот за работните односи, за време на траење на вонредната состојба, се применуваат одредбите од оваа уредба со законска сила.

Член 2

Роковите во кои согласно Законот за работните односи, во случај на мирување на правата и обврските од договорот за вработување и мирување на работен однос на работник упатен на работа во странство и на брачниот другар, работникот има право да се врати на работа, престануваат да течат за време на траење на вонредната состојба и се продолжуваат за 15 дена од денот на истекот на траењето на вонредната состојба.

Член 3

За работниците вработени во приватниот сектор опфатени од времените мерки за заштита од ширење и превенција од Коронавирус COVID-19, неискористениот дел од годишниот одмор, односно неискористениот годишен одмор од календарската 2019 година, да се искористи до 31 мај 2020 година, согласно потребите на работниот процес и одобрение на работодавачот.

За работниците вработени во приватниот сектор опфатени од времените мерки за заштита од ширење и превенција од Коронавирус COVID-19, делот од годишниот одмор за 2020 година кој мора да се искористи во траење од две непрекинати работни недели, да го искористат до 30 јуни 2020 година, согласно потребите на работниот процес и одобрение на работодавачот.

Член 4

Отсуството од работа на работничка поради бременост, раѓање и родителство и посвојување, продолжува да тече и надоместокот на плата продолжува да се исплаќа до истекот на траењето на времените мерки за заштита од ширење и превенција од Коронавирус COVID-19.

Член 5

Оваа уредба со законска сила влегува во сила со денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија“.

Објавена централна веб-страница koronavirus.gov.mk за сите информации за КОВИД-19

Министерството за финансии со повеќе сценарија за коронакризата

Се запира Законот за извршување до крајот на јуни

Нов пакет економски мерки за справување со кризата

Усвоена уредба за роковите во судските постапки за време на вонредната состојба

Нови одлуки за заштита од коронавирусот

Спроведени 7633 инспекциски надзори

Апелациониот суд: Се одложуваат јавните седници и расправи

Народната банка: Денарот е и ќе остане стабилен

Сите документи потребни за аплицирање за бескаматните кредити на Развојната банка се достапни по електронски пат

Известувања од судови и од други институции

Хрватската адвокатска комора со Предлог-закон за интервентни мерки во областа на судските и управните постапки

Нова уредба: Банките и штедилниците ќе можат да им понудат на граѓаните и на фирмите одложување на исплатата на ратите

Нови одлуки за заштита од коронавирусот: забрани и уредби

Од полноќ почнува аплицирањето за првата бескаматна линија кредити како поддршка на бизнисот

Новите одлуки во врска со заштитата од коронавирусот

Уредба за запирање на примената на Законот за извршување

Се продолжува важноста на претходно обезбедените потврди за родителите ослободени од работа

За четири дена спроведени над 11 илјади инспекциски надзори

Начин на предвремено плаќање на месечни аконтации на данокот на добивка за 2020 година

Забрана за отворање стечај на фирма, една од мерките за справување со последиците од коронавирусот

Дополнителни ограничувања на движењето на граѓаните

МТСП: Компаниите со производствени капацитети да се придржуваат до препораките за заштита на работниците

Фабриките ќе работат во смени и за време на полициски час

Соопштение за дневните дозволи за работа после 21 часот

Воведен полициски час

МВР и АРМ ќе прават детален оперативен план за спроведување најстроги рестриктивни мерки

Регулаторни измени за олеснување на финансискиот товар на корисниците на кредити

ХК: Работниците да не потпишуваат ништо без претходно да се консултираат со правник и со адвокат

Кривичниот суд: Листа со броеви на предмети по судии кои ќе се одржуваат во следните 30 дена

Нови мерки за заштита од коронавирусот

Адвокатската комора бара воведување економски мерки во врска со коронавирусот

Адвокатската комора: Не е време за лажна загриженост

Нови дополнителни мерки за заштита од коронавирусот

Бескаматни кредити, субвенционирани придонеси, намалена каматна стапка за кредити

Филипче: Што значи вонредна состојба?

При постоење на вонредна состојба Владата донесува уредби со законска сила

УЈП нема да доставува решенија за присилна наплата

Разлики во прогласување вонредна и кризна состојба

Уставните одредби за вонредната состојба

Кривичниот суд: Ќе се продолжи со судење само на итните и неодложни предмети

Владата: Вонредна состојба веднаш

Кривичниот суд: Вршиме темелна дезинфекција на судниците и на просториите

Управниот суд: Се одложуваат сите судења, освен итните

МВР: Изменето работно време на отсеците за управни работи

Да се продолжат роковите за отплата на кредитите и да има финансиска поддршка за компаниите, препорачуваат од „Фајнанс тинк“

Советот на Народната банка донесе неколку одлуки за поддршка на економијата  

УЈП: Се продолжува рокот за поднесување обрасци за даночниот биланс

Донесена пресуда за непридржување до здравствените прописи за заштита од коронавирусот

Граѓанскиот суд: Известување за одложување на рочишта

Предлог за издавање казнен налог против лице кое не се придржувало до здравствените прописи

Филипче: Апелирам до граѓаните да ги почитуваат препораките, eпидемијата е во силен ек

Народната банка: Заради заштита на здравјето да се намали употребата на денарската и девизната готовина

Судскиот совет донесе одлука за постапување на судовите во услови на зголемена опасност од коронавирусот

Советот за безбедност: Поставеноста на државата во овој момент е соодветна

Замрзнати цените на основните продукти

Препораки до Судскиот совет за судењата и препораки до коморите на адвокатите, нотарите и извршителите

Нови заострени мерки за заштита од коронавирусот

Задолжителни упатства на Јавното обвинителство во врска со коронавирусот

Министерството за здравство: Првата пациентка со коронавирус денеска заминува на домашно лекување

Одложување на мартовската уписна сесија

Адвокатската комора: Соопштение за работно време со странки

 Адвокатската комора со барање за воведување мерки за заштита од коронавирусот во правосудниот систем

Владата со нови препораки до работодавачите и до Јавното обвинителтсво

Воведена кризна состојба во Дебар и во Центар Жупа

Објавени сите забрани за ширењето на коронавирусот

Кривичниот суд во врска со коронавирусот: Пред сè адвокатите, кои се најчести „посетители“ на судот, совесно да се однесуваат

Најнова листа на земји со среден и висок ризик

Судскиот совет: Граѓаните да се јавуваат во судските постапки само ако е тоа неопходно

Министерството за здравство со нови совети за заштита од коронавирусот

Катастарот со променето работно време

Министерството за правда препорачува продолжување на судските постапки со зголемено ниво на претпазливост

МИОА апелира да се користи можноста за добивање услуги по електронски пат

Нови мерки за заштита од коронавирусот

Арсовска: Потребна е навремена помош за справување со ефектите од Ковид-19 врз економијата

„Фајнанс тинк“ за заканите од коронавирусот за економијата

Филипче: Препораките за заштита од коронавирусот важат и за приватните компании

МТСП: Отсуството од работа ќе се докажува со потврда од градинка или училиште

НБ: Коронавирусот се одразува врз глобалната економија, но сѐ уште се неизвесни економските ефекти

Одржана редовната седница на Комитетот за оперативна монетарна политика на Народната банка

Кривичните дела и казните за непочитување на препораките на Владата за коронавирусот

Интегрален текст на заклучоците на Владата за заштита од коронавирусот

Министерството за здравство со информации за заштита од коронавирусот

Градинките, училиштата и факултетите да бидат затворени следните 14 дена препорача Комисијата за заразни болести

Лекарската комора апелира лекарите и здравствените работници да се придржуваат до препораките за коронавирусот

ФИЛИПЧЕ: Граѓаните да ги почитуваат препораките за заштита од овој вирус

Формирана кризна група за сите информации и активности во врска со коронавирусот

Препораки од Министерството за здравство за заштита од коронавирусот

Владата донесе препораки за заштита од коронавирусот

Формирана кризна група за сите информации и активности во врска со коронавирусот

М.В