Уредба за финансиска поддршка на работодавачите од приватниот сектор погодени од здравствено-економската криза
Врз основа на членот 126 став 1 од Уставот на Република Северна Македонија и членот 36 став 1 од Законот за Владата на Република Македонија („Службен весник на Република Македонија“, бр. 59/00, 12/03, 55/05, 37/06, 115/07, 19/08, 82/08, 10/10, 51/11, 15/13, 139/14, 196/15, 142/16, 140/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“, бр. 98/19), Владата на Република Северна Македонија, на седницата, одржана на 1 април 2020 година, донесе
УРЕДБА СО ЗАКОНСКА СИЛА ЗА ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА НА РАБОТОДАВАЧИТЕ ОД ПРИВАТНИОТ СЕКТОР ПОГОДЕНИ ОД ЗДРАВСТВЕНО-ЕКОНОМСКАТА КРИЗА ПРЕДИЗВИКАНА ОД ВИРУСОТ COVID-19, ЗАРАДИ ИСПЛАТА НА ПЛАТИТЕ ЗА МЕСЕЦИТЕ АПРИЛ И МАЈ 2020 ГОДИНА
Член 1
1. Со оваа уредба со законска сила, се уредуваат условите, начинот и постапката на финансиска поддршка на работодавачите од приватниот сектор погодени од здравствено-економската криза предизвикана од вирусот COVID-19, заради исплата на платите на работниците за месеците април и мај 2020 година.
2. „Работодавач од приватниот сектор“ во смисла на оваа уредба е секој правен субјект од приватниот сектор кој вработува работници врз основа на договор за вработување, физичко лице кое вработува работници врз основа на договор за вработување и работодавач корисник, согласно со Законот за приватни агенции за вработување.
Член 2
1. Финансиската поддршка на работодавачот од приватниот сектор од членот 1 став (2) на оваа уредба ќе се спроведува преку Владина Програма за финансиска поддршка на работодавачи погодени од здравствено-економската криза предизвикана од вирусот COVID-19 со исплата на финансиски средства на сметка на работодавачот – барател на финансиска поддршка за исплата на платите на работниците за месеците април и мај 2020 година (во понатамошниот текст: „работодавач – барател на финансиска поддршка“).
2. Предмет на финансиска поддршка е исплатата на платите на работниците кај работодавачот – барател на финансиска поддршка за месеците април и мај 2020 година, во износ најмногу до 14.500 денари месечно по работник, согласно со работното време на кое е пријавен работникот, намалено за работното време за кое се остварува надоместок на плата кој не паѓа на товар на работодавачот.
Член 3
1. Работодавачот – барател на финансиска поддршка поднесува Барање за финансиска поддршка за исплатата на платите на работниците до Управата за јавни приходи. Формата и содржината на Барањето од ставот (1) на овој член е дадено во Прилог и е составен дел на оваа уредба со законска сила.
2. Барањето од ставот (1) на овој член, работодавачот – барател на финансиска поддршка го поднесува преку системот е-даноци на Управата за јавни приходи до 5-ти во месецот за претходниот месец, а комплетноста на Барањето го потврдува Управата за јавни приходи, во рок од 3 дена од денот на приемот на барањето.
3. Во Барањето од ставот (2) на овој член, работодавачот – барател на финансиска поддршка дава Изјава за исполнетоста на условите од ставот (4) на овој член и членот 4 на оваа уредба.
4. За користење на финансиската поддршка, работодавачот – барател на финансиска поддршка треба да ги исполни следните услови:
a) намалувањето на вкупните приходи на работодавачот – барател на финансиска поддршка во месец април 2020 година или во месец мај 2020 година да изнесува повеќе од 30% во однос на месечниот просек на вкупните приходи остварени во 2019 година, а за работодавач – барател на финансиска поддршка кој е запишан во соодветен регистар (основан) после месец март 2019 година, вкупните приходи за месец април 2020 година или месец мај 2020 година да се помали за најмалку 30% во однос на месечниот просек на вкупните приходи остварени од денот на запишувањето во соодветен регистар во 2019 година и месеците јануари и февруари 2020 година. За работодавачот – барател на финансиска поддршка кој врши дејност од сезонски карактер, намалувањето на просечните приходи за последниот сезонски период од 4 месеци споредено со просечните приходи за сезонскиот период од истите 4 месеци во претходната година да изнесува повеќе од 30%,
б) работодавачот – барател на финансиска поддршка да не исплатува дивиденда на сопствениците, како и да нема извршено исплата по основ на награда за деловна успешност (учество во добивка, бонус) или друг вид на годишна награда на вработените и органите на управување и надзор на работодавачот – барател на финансиска поддршка, од денот на влегувањето во сила на оваа уредба, до денот исплатата на платата за месец мај 2020 година и
в) најмногу 10% од вкупниот број на вработени кај работодавачот – барател на финансиска поддршка да имаат поединечна месечна нето плата над 120.000 денари месечно по вработен, за месецот за кој се бара финансиска поддршка.
Работодавачот – барател на финансиска поддршка кој на повеќе од 10% од вкупниот број вработени им исплатува поединечна нето плата повисока од 120.000 денари за месецот за кој се бара финансиска поддршка не ги исполнува условите од оваа точка.
Член 4
1. Работодавач – барател на финансиска поддршка не може да користи финансиска поддршка за работник доколку:
а) работникот за периодот декември 2019 година, јануари 2020 година и февруари 2020 година, остварил нето плата повисока од 39.900 денари за секој месец одделно, сразмерно на часовите на пријавено работно време.
б) користи субвенционирање согласно со Уредбата со Законска сила за субвенционирање на износ за исплата на придонеси од задолжително социјално осигурување за време на вонредна состојба,
в) користи ослободување од плаќање на данокот на личен доход и придонеси од задолжително социјално осигурување, согласно со Законот за вработувањето и осигурување во случај на невработеност и
г) работодавач за работник со дополнителна работа, согласно членот 121 од Законот за работните односи.
2. Финансиска поддршка за исплата на платите не може да користи:
• сопственик/основач на работодавачот – барател на финансиска поддршка, управител, прокурист, односно застапник по закон и членовите на органите на управување и надзор на работодавачот – барател на финансиска поддршка,
• орган на државна и на локална власт и други државни органи основани согласно со Уставот на Република Северна Македонија и со закон, институција која врши дејност од областа на образованието, науката, здравството, културата, трудот, социјалната заштита и заштитата на детето, спортот, како и во други дејности од јавен интерес утврден со закон, а организирани како агенции, фондови, јавни установи, јавни претпријатија и трговски друштва основани од Република Северна Македонија, општините, градот Скопје и општините во градот Скопје и
• приватна агенција за вработување за работник кој е отстапен кај работодавач од став (2) алинеја 2 на овој член.
Член 5
1. Работодавачот со комплетното барање од членот 3 став (2) на оваа уредба, за работниците за кои побарува финансиска поддршка, во полето 3.23. од МПИН образецот внесува шифра 619. За користење на финансиска поддршка за работниците, согласно со член 2 став (2) од оваа уредба, во исто време со мерката за субвенционирање на придонесите согласно со Законот за субвенционирање на придонесите од задолжително социјално осигурување поради зголемување на плата („Службен весник на Република Северна Македонија” бр. 239/19), работодавачот со комплетното барање од членот 3 став (2) на оваа уредба, во полето 3.23. од МПИН образецот работодавачот внесува шифра 621, со која побарува финансиска поддршка/субвенционирање по двата основи.
2. По обработка на МПИН образецот, Управата за јавни приходи го информира работодавачот – барател на финансиска поддршка за вкупниот износ на финансиската поддршка што ќе биде исплатена за соодветниот месец.
3. Управата за јавни приходи ја известува Владата на Република Северна Македонија за работодавачите кои ги исполниле условите за финансиска поддршка за исплата на платите.
4. Износот на финансиска поддршка од членот 2 став (1) на оваа уредба се исплатува до 13-ти во месецот за претходниот месец преку Владина Програма за финансиска поддршка на работодавачи од приватниот сектор погодени од здравствено-економската криза предизвикана од вирусот COVID-19 на сметка на работодавачот – барател на финансиска поддршка кој ги исполнил условите од членот 3, став 4 и членот 4 на оваа уредба, согласно со известувањето од Управата за јавни приходи.
5. Роковите за поднесување на МПИН образецот до Управата за јавни приходи и исплатата на платата, данокот на доход и социјалните придонеси е уреден со закон.
Член 6
1. Работодавачот кој користел финансиска поддршка за исплата на плати има обврска да ги врати добиените финансиски средства во целост, заедно со камата за јавни давачки, доколку по извршена контрола од страна на Управата за јавни приходи и/или Државниот инспекторат за труд се утврди дека работодавачот не ги исполнил условите од членот 3 став (4), членот 4 и ставот 2 на овој член од Уредбата.
2. За времетраење на финансиската поддршка согласно со оваа уредба и четири месеци после нејзиното престанување (заклучно со месец септември 2020 година), работодавачот кој користел финансиска поддршка за исплата на плати има обврска да го задржи истиот број на вработени што го имал за месецот за кој побарал финансиска поддршка за исплата на платите, намален за бројот на вработени заради пензионирање или смрт на работник. Бројот на вработени што работодавачот корисник на финансиска поддршка треба да го задржи ги вклучува вработените на неопределено време, вработените на определено време и вработените со работно време пократко од полното работно време.
Член 7
1. Работодавачот кој го искористил правото на финансиска поддршка за исплата на плати, има обврска примените финансиски средства да ги врати во Буџетот на Република Северна Македонија, но најмногу до износот од 50% од остварениот финансиски резултат за 2020 година зголемен за износот на оданочивите расходи и помалку искажаните приходи во Даночниот биланс за обврзниците на данокот на добивка; за обврзниците на годишниот данок на вкупен приход, најмногу до износот од 50% од финансискиот резултат пред оданочување искажан во Билансот на успех за 2020 година, односно за вршителите на дејност, најмногу до износот од 50% од износот на искажаниот финансиски резултат пред оданочување во Билансот на приходи и расходи (образец Б) за 2020 година, зголемен за непризнаените расходи за даночни цели од годишниот Даночен биланс за утврдување на данокот на доход од вршење на самостојна дејност.
2. Враќањето на износот од ставот 1 на овој член ќе се изврши на три месечни рати, без камата, во месеците април, мај и јуни 2021 година.
Член 8
Доколку работодавачот не ги исполни обврските од член 6 став 2, ќе се применуваат одредбите од Кривичниот законик.
Член 9
Оваа уредба со законска сила влегува во сила со денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија“.
Онлајн судења во Основниот суд Кавадарци
Владата објави дополнителни објаснувања за новите рестрикции
МТСП: Паричен надоместок за прекин на работниот однос
Дополнителни ограничувања на движењето за граѓаните на територијата на целата држава
Уредба со законска сила за примена на Законот за работните односи за време на вонредна состојба
Објавена централна веб-страница koronavirus.gov.mk за сите информации за КОВИД-19
Министерството за финансии со повеќе сценарија за коронакризата
Се запира Законот за извршување до крајот на јуни
Нов пакет економски мерки за справување со кризата
Усвоена уредба за роковите во судските постапки за време на вонредната состојба
Нови одлуки за заштита од коронавирусот
Спроведени 7633 инспекциски надзори
Апелациониот суд: Се одложуваат јавните седници и расправи
Народната банка: Денарот е и ќе остане стабилен
Известувања од судови и од други институции
Нови одлуки за заштита од коронавирусот: забрани и уредби
Од полноќ почнува аплицирањето за првата бескаматна линија кредити како поддршка на бизнисот
Новите одлуки во врска со заштитата од коронавирусот
Уредба за запирање на примената на Законот за извршување
Се продолжува важноста на претходно обезбедените потврди за родителите ослободени од работа
За четири дена спроведени над 11 илјади инспекциски надзори
Начин на предвремено плаќање на месечни аконтации на данокот на добивка за 2020 година
Забрана за отворање стечај на фирма, една од мерките за справување со последиците од коронавирусот
Дополнителни ограничувања на движењето на граѓаните
Фабриките ќе работат во смени и за време на полициски час
Соопштение за дневните дозволи за работа после 21 часот
МВР и АРМ ќе прават детален оперативен план за спроведување најстроги рестриктивни мерки
Регулаторни измени за олеснување на финансискиот товар на корисниците на кредити
ХК: Работниците да не потпишуваат ништо без претходно да се консултираат со правник и со адвокат
Кривичниот суд: Листа со броеви на предмети по судии кои ќе се одржуваат во следните 30 дена
Нови мерки за заштита од коронавирусот
Адвокатската комора бара воведување економски мерки во врска со коронавирусот
Адвокатската комора: Не е време за лажна загриженост
Нови дополнителни мерки за заштита од коронавирусот
Бескаматни кредити, субвенционирани придонеси, намалена каматна стапка за кредити
Филипче: Што значи вонредна состојба?
При постоење на вонредна состојба Владата донесува уредби со законска сила
УЈП нема да доставува решенија за присилна наплата
Разлики во прогласување вонредна и кризна состојба
Уставните одредби за вонредната состојба
Кривичниот суд: Ќе се продолжи со судење само на итните и неодложни предмети
Владата: Вонредна состојба веднаш
Кривичниот суд: Вршиме темелна дезинфекција на судниците и на просториите
Управниот суд: Се одложуваат сите судења, освен итните
МВР: Изменето работно време на отсеците за управни работи
Советот на Народната банка донесе неколку одлуки за поддршка на економијата
УЈП: Се продолжува рокот за поднесување обрасци за даночниот биланс
Донесена пресуда за непридржување до здравствените прописи за заштита од коронавирусот
Граѓанскиот суд: Известување за одложување на рочишта
Предлог за издавање казнен налог против лице кое не се придржувало до здравствените прописи
Филипче: Апелирам до граѓаните да ги почитуваат препораките, eпидемијата е во силен ек
Советот за безбедност: Поставеноста на државата во овој момент е соодветна
Замрзнати цените на основните продукти
Нови заострени мерки за заштита од коронавирусот
Задолжителни упатства на Јавното обвинителство во врска со коронавирусот
Министерството за здравство: Првата пациентка со коронавирус денеска заминува на домашно лекување
Одложување на мартовската уписна сесија
Адвокатската комора: Соопштение за работно време со странки
Адвокатската комора со барање за воведување мерки за заштита од коронавирусот во правосудниот систем
Владата со нови препораки до работодавачите и до Јавното обвинителтсво
Воведена кризна состојба во Дебар и во Центар Жупа
Објавени сите забрани за ширењето на коронавирусот
Најнова листа на земји со среден и висок ризик
Судскиот совет: Граѓаните да се јавуваат во судските постапки само ако е тоа неопходно
Министерството за здравство со нови совети за заштита од коронавирусот
Катастарот со променето работно време
МИОА апелира да се користи можноста за добивање услуги по електронски пат
Нови мерки за заштита од коронавирусот
Арсовска: Потребна е навремена помош за справување со ефектите од Ковид-19 врз економијата
„Фајнанс тинк“ за заканите од коронавирусот за економијата
Филипче: Препораките за заштита од коронавирусот важат и за приватните компании
МТСП: Отсуството од работа ќе се докажува со потврда од градинка или училиште
НБ: Коронавирусот се одразува врз глобалната економија, но сѐ уште се неизвесни економските ефекти
Одржана редовната седница на Комитетот за оперативна монетарна политика на Народната банка
Кривичните дела и казните за непочитување на препораките на Владата за коронавирусот
Интегрален текст на заклучоците на Владата за заштита од коронавирусот
Министерството за здравство со информации за заштита од коронавирусот
ФИЛИПЧЕ: Граѓаните да ги почитуваат препораките за заштита од овој вирус
Формирана кризна група за сите информации и активности во врска со коронавирусот
Препораки од Министерството за здравство за заштита од коронавирусот
Владата донесе препораки за заштита од коронавирусот
Формирана кризна група за сите информации и активности во врска со коронавирусот
М.В