/ Прочитано:

2.587

Уредба за субвенционирање на исплата на придонеси од задолжително социјално осигурување за време на вонредна состојба

УРЕДБА СО ЗАКОНСКА СИЛА ЗА СУБВЕНЦИОНИРАЊЕ НА ИСПЛАТА НА ПРИДОНЕСИ ОД ЗАДОЛЖИТЕЛНО СОЦИЈАЛНО ОСИГУРУВАЊЕ ЗА ВРЕМЕ НА ВОНРЕДНА СОСТОЈБА

Член 1

Со оваа уредба со законска сила, се уредуваат условите, начинот и постапката на субвенционирање на исплата на придонеси од задолжително социјално осигурување, за месеците април, мај и јуни 2020 година.

Член 2

Одделни изрази употребени во оваа уредба со законска сила го имаат следново значење:

1) „Работодавач“ е секој правен субјект од приватниот сектор кој вработува работници врз основа на договор за вработување и физичко лице вршител на самостојна дејност кој вработува работници врз основa на договор за вработување, како и работодавач корисник согласно Законот за приватни агенции за вработување;

(2) „Обврзник за пресметка и уплата на придонесите“ е правно лице, самовработено лице согласно Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување и приватната агенција за вработување (во натамошниот текст: обврзник);

3) „Осигуреник“ е физичко лице задолжително осигурено според законите кои го уредуваат системот на задолжително социјално осигурување.

Член 3

(1) Субвенционирање на исплата на придонеси од задолжително социјално осигурување согласно оваа уредба со законска сила, не може да користат:
– орган на државна и на локална власт и други државни органи основани согласно со Уставот на Република Северна Македонија и со закон, институции кои вршат дејност од областа на образованието, науката, здравството, културата, трудот, социјалната заштита и заштитата на детето, спортот, како и во други дејности од јавен интерес утврден со закон, а организирани како агенции, фондови, јавни установи, јавни претпријатија и трговски друштва основани од Република Северна Македонија, општините, градот Скопје и општините во градот Скопје и
– приватна агенција за вработување за осигуреник кој е отстапен кај обврзник од став (1) алинеја 1 на овој член.

(2) Субвенционирање на исплата на придонеси од задолжително социјално осигурување не може да се користи за лицe – работник со дополнително работење со неполно работно време кај друг работодавач, согласно членот 121 од Законот за работните односи.

Член 4

(1) На работодавач, за секој осигуреник, за месеците април, мај и јуни 2020 година, му се субвенционира износ за исплата на придонеси од задолжително социјално осигурување во висина од 50% од пресметаните придонеси од задолжително социјално осигурување од страна на обврзникот, но најмногу до 50% од придонесите од задолжително социјално осигурување пресметани на просечната бруто плата по работник во Република Северна Македонија, според податоците на Државниот завод за статистика објавена за месец јануари 2020 година.

(2) За користење на субвенционирање на исплата на придонеси од задолжително социјално осигурување од став (1) на овој член, работодавачот треба да ги исполни следните услови:
а) намалувањето на вкупните приходи во месец април 2020 година, во месец мај 2020 или во месец јуни 2020 година, да изнесува повеќе од 30% во однос на просечните вкупни приходи на месечно ниво остварени во 2019 година, а за работодавач кој е запишан во соодветен регистар (основан) по месец март 2019 година, вкупните приходи за месец април 2020 година, месец мај 2020 и месец јуни 2020 година да се помали за најмалку 30% во однос на просечните вкупни приходи на месечно ниво остварени од денот на запишувањето во соодветен регистар во 2019 година и месеците јануари и февруари 2020 година. За работодавачот кој врши дејност од сезонски карактер, намалувањето на просечните приходи за последниот сезонски период од четири месеци споредено со просечните приходи за сезонскиот период од истите четири месеци во претходната година да изнесува повеќе од 30%;
б) бројот на вработени кај работодавачот кој побарува финансиска поддршка, земајќи ги во предвид и вработените преку приватна агенција за вработување, да не е намален за месец април, мај и јуни 2020 година во однос на бројот на вработени со состојба на 31 март 2020 година, освен во случај на пензионирање или смрт и
в) да не исплатува дивиденда на сопствениците, како и да нема извршено исплата по основ на награда за деловна успешност (учество во добивка, бонус) или друг вид на годишна награда на вработените и органите на управување и надзор на работодавачот, од денот на влегувањето во сила на оваа уредба, до денот на поднесување на годишна сметка/финансиски извештаи за 2020 година.

Член 5

(1) Субвенционирање на износот за исплата на придонеси од задолжително социјално осигурување согласно оваа уредба со законска сила, не може да се оствари доколку работодавачот користи финансиска поддршка заради исплата на нето плата во износ од најмногу 14.500 денари месечно по работник за месеците април и мај 2020 година согласно Уредбата со законска сила за финансиска поддршка на работодавачите од приватниот сектор погодени од здравствено-економската криза предизвикана од вирусот COVID-19, заради исплата на платите за месеците април и мај 2020 година.

(2) Субвенционирање на исплата на придонеси од задолжително социјално осигурување согласно оваа уредба со законска сила не може да се користи истовремено за вработен за кој работодавачот користи субвенционирање согласно Законот за субвенционирање на придонесите од задолжително социјално осигурување поради зголемување на плата („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 239/19).

Член 6

(1) За остварување на правото од член 4 став (1) од оваа уредба со законска сила, работодавачот поднесува Барање за субвенционирање на износ за исплата на придонеси од задолжително социјално осигурување до Управата за јавни приходи.

(2) Во Барањето од ставот (1) на овој член, ра ботодавачот приложува Изјава од застапникот по закон за исполнетоста на условите од членот 4 став (2) и членот 5 од оваа уредба со законска сила.

(3) Поднесувањето на Барањето од ставот (1) на овој член, се врши преку системот Е-даноци на Управата за јавни приходи, а комплетното барање од ставот (1) на овој член, го потврдува Управата за јавни приходи, во рок од пет дена од денот на неговото доставување.

(4) Образецот на Барањето од ставот (1) на овој член, е даден во Прилог и е составен дел на оваа уредба со законска сила.

Член 7

(1) Обврзникот во Месечната пресметка за интегрирана наплата (МПИН образец), што ја поднесува до Управата за јавни приходи, за осигуреникот за коj бара субвенционирање на плаќањето на придонеси во полето 3.23 внесува шифра 620.

(2) Управата за јавни приходи, за осигурениците за кои е одобрено субвенционирање, го намалува износот на обврската за плаќање на придонеси од задолжително социјално осигурување за износот на одобреното субвенционирање на придонесите согласно член 4 став (1) од оваа уредба со законска сила.

(3) Податоците за одобреното субвенционирање на плаќање на придонеси согласно ставот (2) на овој член, Управата за јавни приходи ги доставува до Министерството за труд и социјална политика, најдоцна до 20-ти во месецот за претходниот месец.

(4) Износот на одобрените субвенции на придонеси во претходниот месец го уплатува Министерството за труд и социјална политика на посебни сметки за придонеси од задолжително социјално осигурување, најдоцна во рок од 10 дена по прием на податоците од страна на Управата за јавни приходи.

Член 8

(1) Работодавачот кој користел субвенција за исплата на придонеси од задолжително социјално осигурување должен е да ги врати добиените финансиски средства во целост, доколку по извршена контрола од страна на Управата за јавни приходи и/или Државниот инспекторат за труд, се утврди дека работодавачот не ги исполнил условите од членот 4 став (2) и членот 5 од оваа уредба со законска сила, врз основа на решение за утврдена неправилност.

(2) Работодавачот кој го искористил правото од член 4 став (1) од оваа уредба со законска сила, а не ги исполнил условите од членот 4 став (2) и членот 5 од оваа уредба со законска сила, должен е да го врати износот на субвенции за исплата на придонеси од задолжително социјално осигурување, на сметка на Буџетот на Република Северна Македонија.

Член 9

(1) Работодавачот кој го искористил правото на субвенционирање за исплата на придонеси од задолжително социјално осигурување, должен е примените финансиски средства да ги врати во Буџетот на Република Северна Македонија, но најмногу до износот од 50% од:
– остварениот финансиски резултат за 2020 година зголемен за износот на оданочивите расходи и помалку искажаните приходи од Даночниот биланс;
– остварениот финансиски резултат од Билансот на успех (добивка пред оданочување) за 2020 година за обврзниците кои се во режимот на годишен данок на вкупен приход;
– износот на искажаниот финансиски резултат пред оданочување во образецот Б, зголемен за непризнаените расходи за даночни цели од Годишниот даночен биланс за утврдување на данокот на доход од вршење на самостојна дејност.

(2) Враќањето на износот од ставот (1) на овој член, ќе се изврши на три месечни рати без камата во месец април, мај и јуни 2021 година.

(3) Доколку работодавачот не постапил согласно ставовите (1) и (2) на овој член, Управата за јавни приходи ќе изврши наплата по службена должност.

Член 10

Оваа уредба со законска сила влегува во сила со денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија“.

Онлајн судења во Основниот суд Кавадарци

Владата објави дополнителни објаснувања за новите рестрикции

МТСП: Паричен надоместок за прекин на работниот однос

Дополнителни ограничувања на движењето за граѓаните на територијата на целата држава

Уредба со законска сила за примена на Законот за работните односи за време на вонредна состојба

Објавена централна веб-страница koronavirus.gov.mk за сите информации за КОВИД-19

Министерството за финансии со повеќе сценарија за коронакризата

Се запира Законот за извршување до крајот на јуни

Нов пакет економски мерки за справување со кризата

Усвоена уредба за роковите во судските постапки за време на вонредната состојба

Нови одлуки за заштита од коронавирусот

Спроведени 7633 инспекциски надзори

Апелациониот суд: Се одложуваат јавните седници и расправи

Народната банка: Денарот е и ќе остане стабилен

Сите документи потребни за аплицирање за бескаматните кредити на Развојната банка се достапни по електронски пат

Известувања од судови и од други институции

Хрватската адвокатска комора со Предлог-закон за интервентни мерки во областа на судските и управните постапки

Нова уредба: Банките и штедилниците ќе можат да им понудат на граѓаните и на фирмите одложување на исплатата на ратите

Нови одлуки за заштита од коронавирусот: забрани и уредби

Од полноќ почнува аплицирањето за првата бескаматна линија кредити како поддршка на бизнисот

Новите одлуки во врска со заштитата од коронавирусот

Уредба за запирање на примената на Законот за извршување

Се продолжува важноста на претходно обезбедените потврди за родителите ослободени од работа

За четири дена спроведени над 11 илјади инспекциски надзори

Начин на предвремено плаќање на месечни аконтации на данокот на добивка за 2020 година

Забрана за отворање стечај на фирма, една од мерките за справување со последиците од коронавирусот

Дополнителни ограничувања на движењето на граѓаните

МТСП: Компаниите со производствени капацитети да се придржуваат до препораките за заштита на работниците

Фабриките ќе работат во смени и за време на полициски час

Соопштение за дневните дозволи за работа после 21 часот

Воведен полициски час

МВР и АРМ ќе прават детален оперативен план за спроведување најстроги рестриктивни мерки

Регулаторни измени за олеснување на финансискиот товар на корисниците на кредити

ХК: Работниците да не потпишуваат ништо без претходно да се консултираат со правник и со адвокат

Кривичниот суд: Листа со броеви на предмети по судии кои ќе се одржуваат во следните 30 дена

Нови мерки за заштита од коронавирусот

Адвокатската комора бара воведување економски мерки во врска со коронавирусот

Адвокатската комора: Не е време за лажна загриженост

Нови дополнителни мерки за заштита од коронавирусот

Бескаматни кредити, субвенционирани придонеси, намалена каматна стапка за кредити

Филипче: Што значи вонредна состојба?

При постоење на вонредна состојба Владата донесува уредби со законска сила

УЈП нема да доставува решенија за присилна наплата

Разлики во прогласување вонредна и кризна состојба

Уставните одредби за вонредната состојба

Кривичниот суд: Ќе се продолжи со судење само на итните и неодложни предмети

Владата: Вонредна состојба веднаш

Кривичниот суд: Вршиме темелна дезинфекција на судниците и на просториите

Управниот суд: Се одложуваат сите судења, освен итните

МВР: Изменето работно време на отсеците за управни работи

Да се продолжат роковите за отплата на кредитите и да има финансиска поддршка за компаниите, препорачуваат од „Фајнанс тинк“

Советот на Народната банка донесе неколку одлуки за поддршка на економијата  

УЈП: Се продолжува рокот за поднесување обрасци за даночниот биланс

Донесена пресуда за непридржување до здравствените прописи за заштита од коронавирусот

Граѓанскиот суд: Известување за одложување на рочишта

Предлог за издавање казнен налог против лице кое не се придржувало до здравствените прописи

Филипче: Апелирам до граѓаните да ги почитуваат препораките, eпидемијата е во силен ек

Народната банка: Заради заштита на здравјето да се намали употребата на денарската и девизната готовина

Судскиот совет донесе одлука за постапување на судовите во услови на зголемена опасност од коронавирусот

Советот за безбедност: Поставеноста на државата во овој момент е соодветна

Замрзнати цените на основните продукти

Препораки до Судскиот совет за судењата и препораки до коморите на адвокатите, нотарите и извршителите

Нови заострени мерки за заштита од коронавирусот

Задолжителни упатства на Јавното обвинителство во врска со коронавирусот

Министерството за здравство: Првата пациентка со коронавирус денеска заминува на домашно лекување

Одложување на мартовската уписна сесија

Адвокатската комора: Соопштение за работно време со странки

 Адвокатската комора со барање за воведување мерки за заштита од коронавирусот во правосудниот систем

Владата со нови препораки до работодавачите и до Јавното обвинителтсво

Воведена кризна состојба во Дебар и во Центар Жупа

Објавени сите забрани за ширењето на коронавирусот

Кривичниот суд во врска со коронавирусот: Пред сè адвокатите, кои се најчести „посетители“ на судот, совесно да се однесуваат

Најнова листа на земји со среден и висок ризик

Судскиот совет: Граѓаните да се јавуваат во судските постапки само ако е тоа неопходно

Министерството за здравство со нови совети за заштита од коронавирусот

Катастарот со променето работно време

Министерството за правда препорачува продолжување на судските постапки со зголемено ниво на претпазливост

МИОА апелира да се користи можноста за добивање услуги по електронски пат

Нови мерки за заштита од коронавирусот

Арсовска: Потребна е навремена помош за справување со ефектите од Ковид-19 врз економијата

„Фајнанс тинк“ за заканите од коронавирусот за економијата

Филипче: Препораките за заштита од коронавирусот важат и за приватните компании

МТСП: Отсуството од работа ќе се докажува со потврда од градинка или училиште

НБ: Коронавирусот се одразува врз глобалната економија, но сѐ уште се неизвесни економските ефекти

Одржана редовната седница на Комитетот за оперативна монетарна политика на Народната банка

Кривичните дела и казните за непочитување на препораките на Владата за коронавирусот

Интегрален текст на заклучоците на Владата за заштита од коронавирусот

Министерството за здравство со информации за заштита од коронавирусот

Градинките, училиштата и факултетите да бидат затворени следните 14 дена препорача Комисијата за заразни болести

Лекарската комора апелира лекарите и здравствените работници да се придржуваат до препораките за коронавирусот

ФИЛИПЧЕ: Граѓаните да ги почитуваат препораките за заштита од овој вирус

Формирана кризна група за сите информации и активности во врска со коронавирусот

Препораки од Министерството за здравство за заштита од коронавирусот

Владата донесе препораки за заштита од коронавирусот

Формирана кризна група за сите информации и активности во врска со коронавирусот

М.В