Услови под кои резидентите слободно ќе можат да отвораат и да имаат сметки кај странски банки
Советот на Народната банка денес одржа редовна седница на која донесе Одлука за изменување и дополнување на Одлуката за начинот и условите под кои резидентите коишто не се овластени банки можат да отвораат и да имаат сметки во странство, којашто претставува усогласување со Законот за девизно работење по почетокот на примената на Одлуката за премин во втора фаза на асоцијација меѓу нашата држава и Европската заедница и нејзините земји членки.
Согласно со Одлуката, резидентите слободно можат да отвораат и да имаат сметки кај странски банки резиденти доколку: продале недвижен имот во странство, издаваат недвижен имот во странство, имаат стекнато недвижен имот во странство и коишто треба да плаќаат трошоци за недвижниот имот во странство, имаат во сопственост хартии од вредност во странство и треба да наплатат побарувања врз основа на продажба на хартии од вредност во странство, дивиденди, камати или други приноси врз основа на хартиите од вредност.
Покрај оваа одлука, Советот на Народната банка го усвои Извештајот за извршувањето на Програмата за работа на Народната банка во 2018 година. Од Извештајот може да се заклучи дека и во текот на минатата година централната банка успешно ги остваруваше програмските активности во рамки на стратегиските цели предвидени со Стратегискиот план за периодот 2018 – 2020 година.
Исто така, Советот го усвои и Извештајот за работењето на внатрешната ревизија во 2018 година и ги одобри и Годишната сметка и финансиските извештаи на Народната банка за 2018 година.
Советот ги донесе и Одлуката за изменување и дополнување на Одлуката за издавање дозволи и Одлуката за изменување и дополнување на Одлуката за издавање согласности, коишто содржат усогласувања со Законот за изменување и дополнување на Законот за банките од јануари 2019 година.
Македонските државјани конечно слободни да стекнуваат недвижности и хартии од вредност во странство
Европската банка за обнова и развој може да придонесе во консолидацијата на банкарскиот сектор
Гувернерката предложи две вицегувернерки на НБРМ
АНГЕЛОВСКА-БЕЖОСКА: Пред мене стои предизвикот за успешна и независна монетарна политика
М.В