Условите за пуштање на српскиот тајкун Мишковиќ од притвор се речиси исполнети, сметаат неговите адвокати – нудат кауција во висина од 20 милиони евра
Четврток, 14 февруари 2013 – Адвокатите на Мирослав Мишковиќ, сопственик на „Делта Холдинг“ и на неговиот син Марко – кои се во притвор повеќе од 30 дена под сомнение дека ја злоупотребиле службената должност влечејќи финансиски средства и имот од приватизираните јавни претпријатија, планираат да понудат кауција во висина од 20 милиони евра за нивното пуштање на слобода, пишува српски „Блиц“.
Адвокатите на Мирослав Мишковиќ планираат да понудат кауција за нивното пуштање на слобода од причина што Татјана Јероминидес, директор на фирмата „Хемслејд“ со седиште во Кипар, а во сопственост на осомничените е последниот сведок кој треба да биде сослушан во рамки на истрагата. На таткото и синот Мишковиќ, но и останатите осомничени притворот им е одреден поради три основи: за да не влијаат врз сведоците, поради опасност од бегство и поради вознемирување на јавноста.
Бидејќи главната причините за продолжување на притворот е влијание на сведоци, а судот за опаност од бегство може да изрече други мерки како: одземање на патните исправи, секојдневно пријавување во полиција и куќен притвор со електрична алка или без неа, адвокатите во деновите што следуваат ќе побараат ослободување од затворскиот притвор.
„Блиц“ потсетува дека адвокатите и претходно ја разгледувале опцијата да понудат кауција во висина од 20 милиони колку што е висината на штетата за која се теретат таткото и синот Мишковиќ.
На осомничените притворот им е продолжен до 9-ти март, сепак тие имаат право пред истекување на ова продолжение да бараат ослободување од притвор. Конечната одлука ќе ја донесе Апелациониот суд во Белград.