Условот за запишување на судии, обвинители, функционери, извршители и нотари во Именикот на адвокати
Во Именикот на адвокатите, се пропишува во новиот Предлог-закон за адвокатура, може да се запише лице кое ги исполнува општите услови за засновање работен однос во органите на државната управа, кое ужива углед и е достојно за вршење на адвокатската дејност и ги исполнува следните услови:
– да е државјанин на Република Северна Македонија или да е државјанин на држава земја членка на Европската Унија;
– да е деловно способно;
– да има стекнато универзитетска диплома за дипломиран правник во Република Северна Македонија, со завршено четиригодишно високо образование на правни студии VII/1 или со стекнати 300 кредити според Европскиот кредит-трансфер систем (ЕКТС) или нострифицирана диплома од правен факултет од странство;
– активно да го зборува македонскиот јазик;
– да има положено правосуден испит во Република Северна Македонија;
– со правосилна судска одлука да не е осуден на безусловна казна затвор во траење над шест месеци, како и да не му е изречена казна забрана за вршење професија, дејност или должноста, за време на траење на санкцијата;
– да не е во работен однос;
– да не врши работи кои се неспојливи со адвокатурата;
– да не му престанала функцијата судија, јавен обвинител, државен правобранител или заменик, народен правобранител или заменик, избран или именуван функционер, односно да не му престанал работниот однос како државен службеник, нотар, заменик или помошник нотар, извршител или заменик извршител, со конечна одлука во судска, дисциплинска или друга постапка со која е утврдена одговорност во вршење на функцијата, односно службата додека не поминат пет години од конечноста на одлуката и
– да достави доказ за завршена почетна обука при Центарот за едукација на Адвокатската комора .
Објавен текстот на Предлог-законот за адвокатурата
Измени на Законот за адвокатурата за јакнење на адвокатската професија
Законски измени на Законот за адвокатурата за воведување континуирана обука за адвокатите
М.В