Усогласување на Кривичниот законик со Истанбулската конвенција: Секој сексуален однос без согласност претставува силување
„Постоечкиот Кривичен законик го дефинира силувањето како акт од две дејствија ‘обљуба’ и ‘присилба’, односно за да постои силување, потребно е да има применета сила од една страна и активен отпор од друга.
СОГЛАСНО ИСТАНБУЛСКАТА КОНВЕНЦИЈА СЕКОЈ СЕКСУАЛЕН ОДНОС БЕЗ СОГЛАСНОСТ ПРЕТСТАВУВА СИЛУВАЊЕ.
Ниту во законодавството, ниту пак во пракса не треба да се смета дека жртвата дава согласност со тоа што физички не дава отпор на несаканиот сексуален однос, без оглед на тоа дали сторителот употребува сила или се заканува дека ќе употреби. Согласноста треба да биде изречно дадена.
Новиот Закон за спречување и заштита од насилство врз жени и семејно насилство не предвидува дека жртвата на сексуално насилство и силување треба да дава активен отпор.
УСОГЛАСУВАЊЕТО НА КРИВИЧНИОТ ЗАКОНИК СО ИСТАНБУЛСКАТА КОНВЕНЦИЈА И ЗАКОНОТ Е ОБВРСКА НА НАШАТА ДРЖАВА“, истакнуваат од Хелсиншкиот комитет.
Работилница за потребата од усогласување на Кривичниот законик со Истанбулската конвенција
Истанбулската конвенција пропишува низа стандарди кои треба да ги имплементира земјата потписничка
16 дена активизам против родово базирано насилство
АНАЛИЗА НА СЛУЧАИ НА ФЕМИЦИДИ: Потребно е фемицидот да се дефинира како посебно кривично дело
Оперативниот план за спроведување на Истанбулската конвенцијата на Министерството за правда
Законот за ратификација на Истанбулската конвенција пред пратениците
М.В