/ Прочитано:

1.193

Усогласување на Кривичниот законик со Истанбулската конвенција за нулта толеранција за насилството кон жените

Комисијата за еднакви можности на жените и мажите вчера одржа Јавна расправа за Предлог-законот за изменување и дополнување на Кривичниот законик. Гордана Сиљановска-Давкова, претседателка на Комисијата за еднакви можности на жените и мажите, ja отвори седницата со поздравно обраќање до присутните.

Министер за правда, Бојан Маричиќ, накусо го објасни процесот на изготвување на законските измени за кои денес јавно дебатираме, како максимално инклузивен и во него беа вклучени судии и јавни обвинители кои реално го применуваат овој закон, како и правни експерти и невладини организации. Тој истакна дека биле земени предвид и препораките на релевантните тела на Обединетите нации, а пред сѐ Комитетот за елиминација на дискриминација спрема жената, но и бројни компаративни искуства и извештаи од надлежниот комитет во рамките на Советот на Европа за следење на спроведувањето на Истанбулската конвенција – ГРЕВИО за евалуација на одредени држави. Понатаму, тој во куси црти се осврна на конкретните измени и дополнувања, и додаде дека истите се однесуваат на усогласување на Кривичниот законик со Истанбулската конвенција, со што се испраќа порака дека оваа Влада работи на исполнување на целите на Конвенцијата, дека нема толеранција за насилството кон жените, како во рамките на семејството, така и во јавноста и дека ги исполнуваме конкретните и задолжителни обврски како држава, во насока на заштита на жените од насилство, преку воведување и примена на холистички пристап во имплементирање на обврските.

Ана Аврамоска-Нушкова, правна експертка од Национална мрежа против насилство врз жените и семејно насилство, ги сподели забелешките со цел да се доунапреди Кривичниот законик за да се овозможи целосна заштита на жените жртви на насилство. Во име на Мрежата, ја поздрави заложбата на Владата и постигнатиот напредок преку ратификацијата на Истанбулската конвенција, донесувањето на петгодишниот национален акциски план кој предвидува низа активности, особено за усогласување на целокупната легислатива со Конвенцијата. Во однос на предложените измени и дополнувања, таа констатираше дека начелно ГО се задоволни, но истите сепак не се целосни, односно постои можност за подобрување, а во насока на посеопфатна и поефективна заштита на жените жртви на родово базирано и семејно насилство.

Извршната директорка на Центарот за истражување и креирање политики, Марија Ристеска, истакна дека најголем успех во процесот на донесување на овие законски измени, е признавањето на граѓанското општество како партнер на Владата во процесот на усогласување на нашиот Кривичен законик со Истанбулската конвенција. Таа изрази благодарност до Комисијата за можноста на оваа јавна расправа да се дискутира и да се изгради консензус помеѓу пратениците и пратеничките од сите политички партии во однос на забелешките доставени од граѓанските организации.

Академикот Владо Камбовски од работната група која работела на предложените измени и дополнувања, истакна дека Истанбулската конвенција прави значаен чекор во унапредување на концептот на човековите права воопшто, затоа што руши некои вековни, културни и цивилизациски парадигми. Тој, во своето излагање, ги информираше присутните за процесот на работата на предложените законски измени, составот на групата која работела на истите, а воедно се произнесе и за забелешките доставени од граѓанските организации.

Во дискусијата учествуваа пратеничките: Арта Билали-Зендели, Маја Морачанин и Снежана Калеска-Ванчева, како и претставници од граѓанските организации, и тоа: Стојан Мишев од ЕСЕ, Савка Тодорова од НСРР, Весна Матевска од ХЕРА, Ина Џугуманова од Хелсиншкиот комитет за човекови права и адвокатките Билјана Андонова и Марта Гусар.

Сиљановска-Давкова по дискусијата предложи пратеничките и пратениците да поднесат заеднички амандмани согласно забелешките изнесени од присутните. Понатаму, таа додаде дека е неопходен зајакнат и редовен постзаконодавен надзор, што е и главна активност на ХУГЕН мрежата, поддржана од Вестминстерската фондација, а тоа е еден начин на кој може да му се помогне на предлагачот и да се ревидираат политиките кои не даваат резултати. Според неа, на сите собраниски комисии, во духот на инклузивноста, треба да се вклучи невладиниот сектор, да се развие дијалог со експертската јавност и на тој начин ќе се носат подобри законски решенија.

Јавна расправа за измените на Кривичниот законик пред Комисијата за еднакви можности на жените и мажите

„Под родово-базирано насилство врз жените се подразбира насилство насочено против жената поради нејзина припадност на женскиот род“

Законските новини во Кривичниот законик поднесени во собраниска процедура

Утврдени измените на ЗПП, на Кривичниот законик и на Законот за Академијата за судии и јавни обвинители

„Македонското законодавство не ги препознава ниту ги инкриминира сите форми на насилство против жените“ – Ана Аврамоска-Нушкова

но лице

Маричиќ: Во подготовка е нов Кривичен законик и нов Закон за потекло на имот

Со новото кривично дело „Демнење“ се предвидуваат строги санкции за вознемирување и преку интернет

Усогласување на Кривичниот законик со Истанбулската конвенција: Секој сексуален однос без согласност претставува силување

Казна затвор до три години за кривичното дело „Демнење“ како нова законска измена

Ќе се формира Национално координативно тело за Конвенцијата за борба против насилството врз жените и семејното насилство

Работилница за потребата од усогласување на Кривичниот законик со Истанбулската конвенција

Истанбулската конвенција пропишува низа стандарди кои треба да ги имплементира земјата потписничка

16 дена активизам против родово базирано насилство

Граѓанските организации пред Комитетот на ОН: Жените, сексуалните и родовите малцинства во Македонија се дискриминирани

АНАЛИЗА НА СЛУЧАИ НА ФЕМИЦИДИ: Потребно е фемицидот да се дефинира како посебно кривично дело

„Родово базираното и психичкото насилство врз жените сè уште не се препознаваат“ – интервју со адвокатката Марта Гусар

Оперативниот план за спроведување на Истанбулската конвенцијата на Министерството за правда

Законот за ратификација на Истанбулската конвенција пред пратениците

Усвоен Предлог-законот за ратификација на Истанбулската конвенција во која насилството врз жените се дефинира како кршење на човековите права

Владата ја усвои информацијата за ратификација на најзначајниот меѓународен документ за борбата со насилството врз жените и домашното насилство

Ратификацијата на Истанбулската конвенција – значаен исчекор во борбата против насилството врз жената и домашното насилство

Националната мрежа против насилство врз жените и семејно насилство бара итна ратификација на Истанбулската конвенција

М.В