Усогласување на постапката за продажба на државен деловен простор со законските новини за јавните набавки
Владата поднесе Предлог-закон во Собранието на РМ за изменување на Законот за продажба и давање под закуп на деловните згради и деловните простории на Република Македонија.
Со Предлог-законот за изменување на Законот за продажба и давање под закуп на деловните згради и деловните простории на Република Македонија, се вели во законското образложение, ќе се изврши олеснување на постапката за продажба и давање под закуп на деловен простор.
„Предложените измени на Законот се со цел да се изврши негово усогласување со Законот за јавните набавки во делот на Советот за јавни набавки, односно се бришат одредбите кои се однесуваат на Советот за јавни набавки“, се посочува во законското образложение.
М.В