/ Прочитано:

1.166

Усогласување на Законот за пензиското и инвалидското осигурување со Законот за заштита и спасување

Владата во Собранието поднесе измени на Законот за пензиското и инвалидското осигурување, по скратена постапка.

„Една од целите за донесување на Предлог на Законот за изменување и дополнување на Законот за пензиското и инвалидското осигурување по скратена постапка е усогласување со Законот за заштита и спасување, односно доуредување на категорија пиротехничари вработени во Дирекцијата за заштита и спасување, така што правото на бенефициран стаж 12/18 месеци, односно за секои 12 месеци ефективно поминати на должност да се сметаат како 18 месеци стаж на осигурување, ќе го остварат пиротехничари вработени во Дирекцијата за заштита и спасување кои се распоредени на работи и задачи раководител на одделение на пиротехничари – водител на тим и пиротехничар.
Со Предлог на Законот за изменување и дополнување на Законот за пензиското и инвалидското осигурување по скратена постапка се уредува и начинот на усогласување на старосната пензија согласно трошоците на живот и порастот на просечната плата“, се вели во законското образложение.