/ Прочитано:

924

Усогласување на Законот за внатрешни работи со препораките на ГРЕКО

Во собраниска процедура се измените на Законот за внатрешни работи. Со усвојување на предложените решенија ќе се постигне унапредување на одредени законски решенија согласно препораките содржани во Извештајот на ГРЕКО и прецизирање на одредбите од Законот за внатрешни работи, односно создавање на нормативни предуслови за целосно практично имплементирање на  законските одредби, се вели во образложението на Законот, кој го предлага Владата.

„Со Законот за внатрешни работи (,,Службен весник на Република Македонија” бр. 42/14, 116/14, 33/15, 5/16, 127/16, 142/16, 190/16, 21/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 108/19, 275/19 и 110/21) нормативно – правно се уредуваат организацијата и надлежноста на Министерството за внатрешни работи, внатрешните работи, категориите, статусот и посебните должности и овластувања на работниците во Министерството, контролата на вршењето на работите на Министерството, правата и обврските од работен однос на работниците во Министерството, должностите на работниците во Министерството, материјалната одговорност, односно надоместокот на штета и дисциплинската одговорност на работниците во Министерството.

Со Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за внатрешни работи се врши ревидирање на конкретни одредби од Законот за внатрешни работи на кои се однесуваат препораките за Министерството за внатрешни работи, кои произлегуваат од Извештајот на ГРЕКО за евалуација на Република Северна Македонија – Петти круг на тема „Спречување на корупцијата и промовирање на интегритет кај централната власт (највисоките извршни функции) и органите за спроведување на законот“, вклучувајќи и дел од обврските за Министерството за внатрешни работи содржани во Акциониот план по Националната стратегија за спречување на корупцијата и судирот на интереси (2021-2025), на Државната комисија за спречување на корупцијата. Препораките од Извештајот на ГРЕКО се насочени кон зајакнување на можностите на земјата за борба против корупцијата, особено во однос на транспарентноста, интегритетот и одговорноста вработените во јавниот сектор и институциите.

Имено, имајќи ги предвид Препораките содржани во Извештајот на ГРЕКО, извршено е ревидирање на конкретни одредби од Законот за внатрешни работи, што се однесуваат на оперативната независност на полицијата, воведување на Тест за интегритет за лица кои се вработуваат во Министерството за внатрешни работи, како и континуирана проверка на интегритетот на работниците во Министерството, се предвидува извршување на работните задачи од страна на работниците во Министерството на политички неутрален начин, се врши допрецизирање на одредбите за засновање работен однос во Министерството за внатрешни работи без јавен оглас односно превземање на работници од други државни органи согласно конкретни критериуми, воведување обврска за работниците за пријавување на имот и интереси, како и ревидирање на дисциплинските процедури во Министерството.

Освен наведеното, со предложените измени се врши и бришење на одредбите од Законот за внатрешни работи кои се однесуваат на унапредување во повисок платен ранг.

Со предложениот закон за врши и подобрување на одредени правни решенија во насока на подобрување на функционирањето на определени процеси  во Министерството кои се регулираат со законот, како и содржинско и нормативно-правно унапредување на предвидените законски решенија во правец на нивна доследна практична примена“, се вели во законското образложение.

Измените на Законот за полиција во собраниска процедура

Прифатени измените на законите за полицијата и за МВР според препораките на ГРЕКО

Законите за полиција и за внатрешни работи ќе се усогласуваат со препораките на ГРЕКО

ГРЕКО: Неприфатливо е Кодексот на однесување да е во рацете на заменик-премиер

Извештајот на ГРЕКО преведен и објавен на македонски јазик

М.В