Успех на студентите од „Јустинијан Први“ на натпревар по деловно право
На 28 и 29.11.2019 на Правниот факултет во Крагуевац се одржа натпреварот по деловно право „Биг дил 2019“, на којшто студентите Никола Германов, Никола Мурџев, Елена Котевска, Елена Јаман и Моника Здравкова, под менторство на проф. д-р Димитар Гелев и проф. д-р Биљана Петревска, освоија 3. место.
Студентите велат дека натпреварот за нив бил големо искуство и дополнителен мотив за нивната едукативна надградба. Секако, додаваат тие, признанието за успехот е и за Правниот факултет „Јустинијан Први“.
Студентите од „Јустинијан Први“ влегоа во финалето на Меѓународниот правен натпревар „Биг дил“
М.В