/ Прочитано:

950

Уставен суд не поведе постапка за Одлуката за промена на имињата на улиците

Вторник, 4 јуни 2013 – Уставниот суд на денешната седница не поведе постапка за иницијативата за оценување на уставноста и законитоста на Одлуката за определување и промена на имиња на улици, мостови и други инфраструктурни објекти на подрачјето на Град Скопје. Одлуката беше донесена од Советот на Град Скопје на 14 јуни 2012 година.

Одлуката беше оспорена од скопјанецот Слободан Близнаковски од аспект на постапката на донесувањето, односно дека пред да се донесе Одлуката од Советот на Градот не биле обезбедени мислења од сите 10 општини од подрачјето на Градот и дека некои од донесените мислења од општините до Градот биле дадени од ненадлежен орган, а не од Советот на општината.

На седницата беше поведена постапка за иницијативата поднесена на Одлуката за измена на ГУП за блок 80, од 31 мај 2012 година и на Одлуката за измена на ДУП за блок 80, од 29 август 2012 година, донесени од Советот на општина Тетово.

Судиите денеска ја отфрлија иницијативата поднесена за една Одлука што ја донесе Советот на општина Ѓорче Петров во декември 2012 година.