/ Прочитано:

1.366

Уставниот суд е пред историска одлука за ставање крај на безредието во банкарскиот систем, велат оштетените штедачи

„Уставниот суд се наоѓа пред историска одлука, со која конечно ќе се стави крај на безредието во банкарскиот систем, којшто е креиран и поставен на начин обичните граѓани – штедачи и правните лица во пакет да се тие кои на крајот ја плаќаат сметката додека Фондот за осигурување на депозити и останатите банки ја користат таа ситуација во нивни интерес.

Би сакале преку ова соопштение да направиме и рекапитулар на она што не е во ред со нашиот банкарски систем со цел да им ја олесниме одлуката на судиите од Уставниот суд.

Моменталната поставеност на Законот за банки и процедурите кои произлегуваат од тој закон се всушност спреги кои се ставени во функција обичните граѓани и фирми депоненти на крајот да се секогаш во минус. Сеедно дали се работи за депозит или кредит, на крајот исходот е ист.

Во случајот со Еуростандард банка, оваа теорија се докажува во целост.

Прво, имате процедури кои не спречуваат неконтролиран грабеж на депозитите и тековните средства на физичките и правните лица, за потоа штом грабежот стане евидентен, преку Фондот за осигурување на депозити и неговиот приоритет во стечајната постапка, истите тие физички и правни лица да бидат доограбени.

За полесно воочување на горе наведеното, би сакале да го објасниме тоа преку бројките кои се добиени од извештајот на стечајниот управник Душко Тодевски.

Имено, вртоглави 73 отсто од кредитното портфолио на фирми должници во Еуростандард банка е рангирано во нефункционални кредити, ненаплатливи или тешко наплатливи. Доказ за тоа се 149 фирми кои не платиле ниту една рата откако ги зеле кредитите, не вратиле ниту еден денар со години од така „позајмените” 55 милиони евра наши пари.

Значи, имате систем којшто преку своите процедури и нивна проверка, т.е. ревизии од страна на Народната банка, дозволил една банка да пласира кредити на начин којшто ги заобиколува сите тие процедури. Истовремено, ревизорите не ги препознаваат тие пласмани како високоризични, ненаплатливи или тешко наплатливи. За по одреден период тие да ги согледаат наеднаш како високоризични и во услови на светска пандемија и тешка економска криза гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска да ја затвори банката и да отвори стечајна постапка во период на владеење на техничка влада.

Во меѓувреме, пред затворањето на банката и почнување на стечајната постапка, под учество и кумување на Народната банка е направена докапитализацијата на банката во 2019 година на еден начин којшто, без никаков сомнеж, е спротивен на законот. И самиот сопственик на банката, Трифун Костовски, јавно потврди дека истата таа докапитализација е всушност направена со депозити заложени од Еуростандард банка како гаранција за земен кредит од Комерцијална банка, што во реалноста е уште еден грабеж на средствата на физичките и правните лица депоненти на банката.

Крајот секогаш го краси делото. Па така, и во овој случај, на крајот доаѓа Фондот за обесштетување, кој е државен и создаден од премии кои се плаќаат токму од истите тие средства од депозити на физичките и правните лица. Истиот тој Фонд, во сега веќе почнатата стечајна постапка на Еуростандард банка, има предност во наплатата на побарувањата пред сите останати побарувања на физичките и правните лица, и на тој начин ги доограбува. Ова е единствен, уникатен пример на неуставност и незаконитост во цела Европа и пошироко, со законска одредба од Законот за банки да се врши нееднаквост, дискриминација и директно ограбување на оние кои ги доделиле своите лични средства во банка или ги користеле нејзините услуги. Особено ова се однесува на правните лица кои не се обесштетуваат воопшто од Фондот, а истиот се поставува пред нив во наплата од стечајната маса и целосно им ги зема парите. На крај, на сите депоненти, физички и правни лица, Фондот целосно им ги зема нивните останати средства, депозити или тековни средства на сметки при стечај на лиценцирана, регулирана и контролирана банка.

Уставниот суд ја има честа и привилегијата токму преку носење на одлука за укинување на членот 163 став 3 од Законот за банки, со којшто е регулирано предимството за наплата на Фондот, да ја отпочне борбата за правдина на сите граѓани и фирми депоненти на банки во земјава. Во исто време, ја има и привилегијата пред сите други државни институции да отпочне процес на промена на процедурите во банкарскиот систем во целина.

Борбата против корумпираноста и безредието во банкарскиот систем почнува со праведната одлука на Уставниот суд, но не завршува тука!“, се наведува во соопштението на оштетените штедачи.

Истрага за четири одговорни лица во Еуростандард банка

ФОД: Досега исплатени 3,2 милијарди денари на депонентите на „Еуростандард банка“

Обвинителен акт против девет лица за перење на над девет милиони евра

Одложено рочиштето за стечајната постапка над Еуростандард банка

ФД: Oбесштетувањето на депонентите на „Еуростандард банка“ се одвива без поголеми пречки

Управниот суд ја отфрли тужбата од „Еуростандард банка“

На 15 септември започнува обесштетувањето на депонентите на „Еуростандард банка“ со право на обесштетување

Соопштение на Фондот за осигурување на депозити до депонентите во „Еуростандард банка“

ДКСК: Случајот со Ангеловска проблематичен од етички аспект, потребни се законски измени

Стечајна постапка за Еуростандард банка: Интервју со Дејан Костовски, експерт за стечај

Банки преку кои ќе се врши исплатата на обесштетувањето на депонентите на Еуростандард банка

Определен е стечаен управник за Еуростандард банка и закажано е рочиште за пријавените побарувања

Народната банка: Го штитиме интересот на граѓаните и ги преземавме сите мерки за заштита на депонентите на Еуростандард банка

М.В