/ Прочитано:

592

Уставниот суд го отфрли барањето на Каракамишева со кое го оспори Преспанскиот договор

Уставниот суд го отфрли барањето за заштита на слободите и правата од член 110 алинеја 3 на Уставот на Република Северна Македонија поднесено од професората Тања Каракамишева. Според Судот, конечната преспанска спогодба со Грција и дејствијата преземени од двете држави до моментот на склучување на спогодба не претставуваат индивидуален акт, и дека Спогодбата е општ акт со материја од правна и политичка природа со која се решаваат државни интереси за добробит на сите граѓани и целата држава.

Професорката Каракамишева во барањето наведе дека со Преспанскиот договор повредено е правото на забрана од дискриминација по основ на национална припадност и правото на слобода на уверување, совеста , мислата и јавното изразување на мислата од член 110 став 1 алинеја 3 од Уставот, гарантирани со меѓународни документи.

Подносителката смета дека повредата на горенаведените права била направена со дејството потпишување на поединечен акт, односно потпишување на „Конечната спогодба за решавање на разликите опишани во Резолуциите 817 (1993) и 845 (1993) на Советот за безбедност на Обединетите Нации,за престанување на важноста на привремената Спогодба од 1995 и за воспоставување на стратешко партнерство помеѓу страните склучена во Преспа (Нивици) Грција на 17.06.2018 меѓу „Првата страна“ Грција претставувана од министерот за надворешни работи Никос Коsијас и „Втората страна“ (безимена држава) претставувана од министерот за надворешни работи, Никола Димитров.

Професорката Каракамишева со барање до Уставниот суд за поништување на Преспанскиот договор

М.В