/ Прочитано:

1.975

Уставниот суд го укина член 163 став 3 од Законот за банките

Уставниот суд го укина член 163 став 3 од Законот за банките, известуваат од Уставниот суд.

Од анализата, Судот утврди неспорна легитимна цел и општествена оправданост за соодветно законско нормирање на Фондот како државен инструмент во банкарскиот систем кој е дел од обезбедувањето на сигурност и стабилност во банкарскиот систем што е јавен интерес. Легитимната цел претставува заштитата на сопственоста на штедачите (до одреден гарантиран износ) и генерирање на сигурност и стабилност во банкарскиот систем. Општествената оправданост произлегува од реалната состојба во општеството соочено со повеќе случаи на паѓање на банки во стечај. Неспорен факт е дека законодавецот има уставно овластување и уставен основ да ги нормира во законско решение ваквите приоритети, како што тоа впрочем го има сторено со оспорениот член 163 став 3 од Законот за банки. Но, таквото уставно овластување и основ, освен во формалната смисла, налага законското нормирање во неговата материјална суштинска природа да биде во рамките на Уставот и во согласност со неговите темелни вредности, начела и гаранции.

Во тој контекст неспорен е фактот дека Фондот за осигурување на депозити е дел од системот кој со надлежност да обезбедува постигнување и оддржување на стабилноста на банкарскиот систем, и дека тоа е прашање од јавен интерес, но Судот при анализата на оспорената одредба, исто така утврди дека јавниот интерес подразбира заштита на основните слободи и права на човекот и граѓанинот признати со меѓународното право и утврдени со Уставот, заштитата на сопственоста и на слободата на пазарот и претприемништвото, владеењето на правото. Законското уредување на приоритет на Фондот при наплатата, заштитата на неговите средства, на неговата сопственост со приоритет над сите останати (физички и правни субјекти), со повикување на јавниот интерес, основано може да се доведе под сомнеж за неговата уставност во смисла на заштитата на основните слободи и права на човекот и граѓанинот признати со меѓународното право и утврдени со Уставот, заштитата на сопственоста и на слободата на пазарот и претприемништвото, владеењето на правото, што исто така претставува јавен интерес, посочија од Уставниот суд.

Во членот 163 од Законот за банките за кој Уставниот суд поведе постапка, се пропишуваше:

(1) Со денот на отворањето на стечајната постапка престануваат побарувањата на физичките лица од банката во стечај по основ на депозит до висината на осигурениот износ на депозитот во согласност со Законот за Фондот за осигурување на депозити.

(2) Пред исплатата на доверителите од стечајната маса се издвојува дел на средства за трошоци на постапката, вклучувајќи ги и трошоците на банката која ги презема работите со влоговите во банка од банката во стечај.

(3) Побарувањата на Фондот за осигурување на депозити по основ на исплати на осигурени депозити се исплаќаат пред побарувањата на останатите доверители.

Иницијативата до Уставниот суд беше поднесена од  Здружението на оштетени физички и правни лица од Еуростандард банка „Правда за штедачи”.

„Правда за штедачи“ бара Државниот завод за ревизија да направи контрола на работењето на Фондот за осигурување на депозити

Здружението на оштетени штедачи објавува соопштение со контрааргументи за издвоеното мислење на четворицата уставни судии

Издвоено мислење на неколку уставни судии во врска со постапката за членот 163 ставот 3 од Законот за банките

Решението на Уставниот суд за поведувањето постапка за член 163 став 3 од Законот за банките

Уставниот суд поведе постапка за членот 163 ставот 3 од Законот за банките

Што и како се осигурува во Фондот за осигурување на депозити

Членот 163 од Законот за банките повторно на разгледување пред Уставниот суд

Уставниот суд ќе расправа за членот 163 од Законот за банките по изјаснувањето на Антикорупциската комисија

Членот 163 од Законот за банките, кој е оспорен пред Уставниот суд

Уставниот суд е пред историска одлука за ставање крај на безредието во банкарскиот систем, велат оштетените штедачи

Истрага за четири одговорни лица во Еуростандард банка

ФОД: Досега исплатени 3,2 милијарди денари на депонентите на „Еуростандард банка“

Обвинителен акт против девет лица за перење на над девет милиони евра

Одложено рочиштето за стечајната постапка над Еуростандард банка

ФД: Oбесштетувањето на депонентите на „Еуростандард банка“ се одвива без поголеми пречки

Управниот суд ја отфрли тужбата од „Еуростандард банка“

На 15 септември започнува обесштетувањето на депонентите на „Еуростандард банка“ со право на обесштетување

Соопштение на Фондот за осигурување на депозити до депонентите во „Еуростандард банка“

ДКСК: Случајот со Ангеловска проблематичен од етички аспект, потребни се законски измени

Стечајна постапка за Еуростандард банка: Интервју со Дејан Костовски, експерт за стечај

Банки преку кои ќе се врши исплатата на обесштетувањето на депонентите на Еуростандард банка

Определен е стечаен управник за Еуростандард банка и закажано е рочиште за пријавените побарувања

Народната банка: Го штитиме интересот на граѓаните и ги преземавме сите мерки за заштита на депонентите на Еуростандард банка

М.В

„Правда за штедачи“: Уставниот суд пред мериторна одлука