/ Прочитано:

10.568

Уставниот суд го укина Законот за одредување на видот и одмерување на висината на казната: „Со Законот се наруши судската независност!“

Уставниот суд го укина Законот за одредување на видот и одмерување на висината на казната. Со Законот се нарушува принципот на поделба на власта и судската независност. Уставноста на Законот пред Уставниот суд ја оспори адвокатот Христијан Георгиевски.

Подносител на иницијативата за оцена на уставноста на Законот за одредување на видот и одмерување на висината на казната е адвокатот Христијан Георгиевски, кој во Иницијативата наведува дека оспорениот Закон не е во согласност со Уставот на Република Македонија ниту со другите закони кои ја регулираат оваа проблематика, поточно кривичната област на законодавството, односно дека не соодветствува во совршена правна кохезија и целина со правниот поредок на Република Македонија.

„Законот сериозно навлегува во независноста на судската власт и го нарушува начелото на поделба на власта. Со Законот постои мешање на законодавната и судската власт која треба да е независна. Исто така, законот е спротивен на законски предвидената слободна оценка на доказите и судиското убедување. Со овој закон се формализира слободното судиско убедување и не се води грижа за индивидуализацијата на казната“, сметаат уставните судии.

За уставните судии, содржинските решенија во Законот не се во согласност со Уставот на Република Македонија и владеењето на правото, на што посочува и анализата на универзитетските професори по кривично право, Гордана Бужаровска и Лазар Нанев, на која упатува и рефератот на Судот.

„Иако интенцијата на законодавецот била полесно имплементирање на Законот за кривичната постапка, како и олеснување на спогодувањето меѓу обвинителите и обвинетите за висината на кривичната санкција, сметаме дека со него се врши категоризација на кривичните дела и се определуваат нивоа на кривичните дела, како и нови распони на минимални и максимални казни во рамките на новововедените категории, а тоа е можно само со Кривичниот законик. Со законот се негира принципот на слободно судиско уверување и се уназадува одмерувањето на казните како суверено и самостојно подрачје на самите судии, а особено имајќи предвид дека постојат решенија кои се во колизија со овој закон и со Кривичниот законик“, истакна адвокатот Христијан Георгиевски во иницијативата до Уставниот суд.

Уставниот суд поведе постапка за Законот за одредување на видот и одмерување на висината на казната: „Нарушена е судската независност!“

По иницијатива на адвокатoт Георгиевски, Уставниот суд ќе расправа за Законот за одредување на видот и одмерување на висината на казната

Универзитетските професори Бужаровска и Нанев бараат итно да се укине Законот за видот и одмерувањето на казните

M.B