/ Прочитано:

2.893

Уставниот суд ќе одржи јавна расправа за предмет кој се однесува на повреда на слободата на мислата

„Уставниот суд на Република Македонија на 3 мај 2018 година (четврток), со почеток во 10:00 часот ќе одржи јавна расправа по предметот У.бр.116/2017 што се однесува на Барањето за заштита на слободите и правата од членот 110 алинејата 3 од Уставот на Република Македонија, кои се однесуваат на повреда на слободата на мислата и јавното изразување на мислата, како и повреда на забраната на дискриминација по основ на политичка припадност. Јавната расправа ќе се одржи во Уставниот суд на Република Македонија во салата за седници на Судот“, информираат од Судот.