/ Прочитано:

591

Уставниот суд ќе одржи подготвителна седница за Указот за ратификацијата на Договорот од Преспа и за Законот за употреба на јазиците

„Уставниот суд на Република Северна Македонија ја известува јавноста дека на денешниот работен состанок одлучи да одржи подготвителна седница за предметите во кои е оспорена уставноста на:

  1. Указот за прогласување на Законот за ратификација на Конечната спогодба за решавање на разликите опишани во резoлуциите 817(1993) и 845 (1993) на Советот за безбедност на ОН за престанување на важноста на Привремената спогодба од 1995 година и за воспоставување на стратешко партнерство меѓу страните и Законот за ратификација на Конечната спогодба за решавање на разликите опишани во резoлуциите 817(1993) и 845 (1993) на Советот за безбедност на ОН за престанување на важноста на Привремената спогодба од 1995 година и за воспоставување на стратешко партнерство меѓу страните и
  2. Указот за прогласување на Законот за употреба на јазиците и Законот за употреба на јазиците.

Подготвителната седница ќе се одржи на 18 март оваа година со почеток од 10:00 часот“, соопштуваат од Уставниот суд.