/ Прочитано:

815

Уставниот суд ќе постапува по одлуките на општините Аеродром и Радовиш за референдум за населување мигранти

Уставниот суд на Република Македонија поведе постапка за две одлуки на општините Аеродром и Радовиш, кои се однесуваат на распишување референдум за населување и интеграција на мигранти.

Општините, според Судот, не може референдумски да се произнесуваат за овие прашања бидејќи тоа се прашања за кои одлучува централната власт. Државниот инспекторат за локалната самоуправа ја запре примената за извршувањето на овие одлуки за распишување референдум на општините Аеродром и Радовиш и во согласност со законот поднесе иницијативи по овие предмети.