Уставниот суд ќе расправа за членот 163 од Законот за банките по изјаснувањето на Антикорупциската комисија
Денешната седницата на Уставниот суд, на која требаше да биде расправано за членот 163 од Законот за банките, ќе продолжи на 21 април. Уставниот суд информира дека седницата ќе продолжи по изјаснувањето на Државната комисија за спречување на корупцијата за утврдување постоење судир на интереси кај одредени судии на Уставниот суд.
„Jа известуваме јавноста дека расправата по сите точки од дневниот ред на Деветтата седница заврши и дека седницата е прекината после гласањето по точката во предметот каде што се оспорени членот 96 ставот 4 од Законот за Судскиот совет на Република Македонија (Службен весник на Република Македонија бр. 60/2006, 150/2010, 100/2011, 20/2015, 61/2015,197/2017 и 83/2018); и членот 72 ставот 3, во делот: ‘ценејќи ја законитоста на постапката’ и став 4, во делот: ‘во случај на груба повреда од одредбите за постапката’, од Законот за Судскиот совет на Република Северна Македонија (Службен весник на Република Северна Македонија бр. 102/2019).
Седницата ќе продолжи на 21 април 2021 година со почеток од 9:30 часот, по изјаснувањето на Државната комисија за спречување на корупцијата, по барањето на Уставниот суд за утврдување постоење судир на интереси кај судиите на Уставниот суд во предметот У. бр. 247/2020“, се наведува во соопштението на Уставниот суд.
Во членот 163 од Законот за банките за кој Уставниот суд ќе ја цени уставноста на одредбата се пропишува:
(1) Со денот на отворањето на стечајната постапка престануваат побарувањата на физичките лица од банката во стечај по основ на депозит до висината на осигурениот износ на депозитот во согласност со Законот за Фондот за осигурување на депозити.
(2) Пред исплатата на доверителите од стечајната маса се издвојува дел на средства за трошоци на постапката, вклучувајќи ги и трошоците на банката која ги презема работите со влоговите во банка од банката во стечај.
(3) Побарувањата на Фондот за осигурување на депозити по основ на исплати на осигурени депозити се исплаќаат пред побарувањата на останатите доверители.
Иницијативата до Уставниот суд беше поднесена од Здружението на оштетени физички и правни лица од Еуростандард банка „Правда за штедачи”.
Според Здружението, во оспорениот член Фондот за осигурување на депозити е утврден како доверител со приоритетно право за наплата во однос на сите други доверители во случај на стечај на банка.
„Одредбата со која Фондот за осигурување на депозити има приоритет при наплата на побарувањата од стечајната маса е неуставна и од тие причини Уставниот суд треба да ја укине и да ја стави вон сила“, велат од Здружението, кое бара почитување на владеење на правото и заштита на темелните вредности заштитени со Уставот.
Членот 163 од Законот за банките, кој е оспорен пред Уставниот суд
Истрага за четири одговорни лица во Еуростандард банка
ФОД: Досега исплатени 3,2 милијарди денари на депонентите на „Еуростандард банка“
Обвинителен акт против девет лица за перење на над девет милиони евра
Одложено рочиштето за стечајната постапка над Еуростандард банка
ФД: Oбесштетувањето на депонентите на „Еуростандард банка“ се одвива без поголеми пречки
Управниот суд ја отфрли тужбата од „Еуростандард банка“
Соопштение на Фондот за осигурување на депозити до депонентите во „Еуростандард банка“
ДКСК: Случајот со Ангеловска проблематичен од етички аспект, потребни се законски измени
Стечајна постапка за Еуростандард банка: Интервју со Дејан Костовски, експерт за стечај
Банки преку кои ќе се врши исплатата на обесштетувањето на депонентите на Еуростандард банка
Определен е стечаен управник за Еуростандард банка и закажано е рочиште за пријавените побарувања
М.В