/ Прочитано:

2.180

Уставниот суд ќе расправа за членот 23 од Законот за адвокатурата

Уставниот суд ќе расправа за членот 23 од Законот за адвокатурата, се најавува во прегледот на иницијативи за оценување на уставноста и законитоста. Седницата на Уставниот суд е закажана за 30.1.2019 година.

Членот 23 од Законот за адвокатурата се однeсува на престанокот и мирувањето на правото на вршење адвокатска дејност.

Правото на вршење адвокатска дејност, се пропишува во овој член, престанува под услови и во постапка утврдени со Законот за адвокатурата.

Правото на вршење адвокатска дејност на адвокатот му престанува ако: се откаже од правото на вршење адвокатска дејност; трајно ја загуби способноста за вршење на адвокатската дејност; го изгуби државјанството на Република Македонија; биде лишен од деловна способност или трајно ја загуби способноста за вршење адвокатска дејност; ако му е изречена мерка на безбедност забрана на вршење адвокатска дејност; не врши уплата на коморска членарина; му е одземена лиценцата за работа; не се осигура од одговорност за штета нанесена на странката.

Против одлуката за престанок на правото на вршење адвокатска дејност е дозволена жалба во рок од 15 дена од денот на приемот на одлуката до надлежниот орган на Адвокатската комора на Република Македонија.

Против конечната одлука на Адвокатската комора на Република Македонија може да се поведе управен спор, пред надлежен суд определен со закон.

М.В