/ Прочитано:

1.226

Уставниот суд на следната седница ќе ги разгледува иницијативите за укинување на одредби од Законот за локалната самоуправа и од Изборниот законик

Уставниот суд на Република Македонија на следната седница што ќе се одржи в среда на 10 мај ќе ги разгледува иницијативите за укинување на два члена од Законот за локалната самоуправа и од Изборниот законик. На истата седница ќе се одлучува и дали може да почне исплатата на субвенциите за земјоделците.

Иницијативата која се однесува на мадндатот градоначалниците е трета точка за седницата што ќе се одржи в среда, а со неа се бара оценка на уставноста и на законитоста на член 35, став 1 и на член 49 од Законот за локалната самоуправа, член 16, став 1 и член 16, став 1 во делот „во првата половина во мај“ од Изборниот законик.

До Уставниот суд, иницијативи за продолжување на мандатот на градоначалниците и на советниците поднесоа Министерството за локална самоуправа, Министерството за правда и Светскиот македонски конгрес.

Локалните избори требаше да се одржат во првата половина на мај, но поради тоа што не беше избран претседател на Собранието, истекоа сите рокови за нивно распишување во предвидениот термин.