Уставниот суд: Нормираниот учинок во Законот за минимална плата спорен од аспект на владеењето на правото
Уставниот суд поведе постапка и изрази сомнеж за уставноста на членот 2, ставот 1 во делот „и исполнет нормиран учинок“ и ставовите 2, 3 и 4 и членот 7-б ставовите 1 и 3 од Законот за минимална плата во Република Македонија. Судот изрази сомнеж на овие законски одредби од аспект на владеењето на правото.
Подносител на иницијативата е Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) застапуван од адвокатот Димитар Петровски.Тие сметаат дека „нормираниот учинок“ треба да се тргне од овој Закон за минимална плата затоа што овој закон решава минимална плата, додека нормираниот учинок треба да се регулира со Колективниот договор на ниво на работодавачи.
М.В