/ Прочитано:

912

Уставниот суд: Официјална посета на делегацијата на Уставниот суд на Република Бугарија

„Во период од 10 до 13 јуни 2019 година, на покана на Уставниот суд на Република Северна Македонија, во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува делегација на Уставниот суд на Република Бугарија, предводена од претседателот на Судот, проф. Борис Велчев.

Во состав на делегацијата ќе бидат и осум судии на Уставниот суд на Република Бугарија, генералниот секретар на Судот и три експерти од Службата на Судот.

Делегацијата ќе биде примена од претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, и од претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев.

Во рамките на посетата ќе се реализира и работна средба на тема „Размена на искуства за местото и улогата на уставните судови во изградба на демократско општество“, но ќе се разговара и за други теми од заеднички интерес на двата суда“, соопштуваат од Уставниот суд.

М.В