/ Прочитано:

1.837

Уставниот суд поведе постапка за одредба од Законот за вршење на работи за застапување во царинските постапки во врска со престанокот на лиценцата

Уставниот суд на денешната седница поведе постапка за оценување на уставноста на членот 51, став 1 во делот 2 од Законот за вршење на работи за застапување во царинските постапки.

Оваа законска одредба предвидува дека лицата кои се стекнале со лиценца за вршење на застапување во царинските постапки до денот на влегувањето во сила на овој закон (до 2014 г.) се должни во рок од една година од влегувањето во сила на овој закон да ги исполнат условите од членот 7, став 2 и став 3 од истиот закон и да поднесат барање до Царинската управа за издавање на лиценца во согласност со овој закон.

Оспорениот став 1 во делот 2 од оваа законска одредба предвидува дека на лицата кои нема да постапат во согласност со ставот (1) на овој член ќе им престане важноста на издадената лиценца и ќе треба во рок од осум дена од истекот на рокот од ставот 1 на овој член да ја вратат издадената идентификациска картичка (легитимација на лиценциран застапник).

М.В