Уставниот суд поведе постапка за одредба во Законот за социјална заштита
Уставниот суд поведе постапка за одредба во Законот за социјална заштита која се однесува на надоместокот заради попреченост. Поконкретно, Судот поведе постапка член 44 став 2 во делот: „најдоцна до 65 годишна возраст“
Надоместок заради попреченост
Член 44
Надоместок заради попреченост се обезбедува за поттикнување социјална вклучување и еднакви можности на лице кое е:
– со тешка или длабока интелектуална попреченост,
– со најтешка телесна попреченост,
– потполно слепо лице и
– потполно глуво лице.
Надоместок заради попреченост може да оствари лице со навршени 26 години возраст, најдоцна до 65 годишна возраст, а се користи без оглед на старосната возраст на корисникот.
Лице од ставот 1 на овој член не може да оствари право на надоместок заради попреченост, ако користи цивилна или воена инвалиднина согласно со закон.
Лице од ставот 1 на овој член не може да користи право на надоместок заради попреченост, ако со решение на центарот за социјална работа подолго од 30 дена е сместено во установа за вон-семејна социјална заштита, згрижувачко семејство, организирано живеење со поддршка или во здравствена или друга установа за периодот додека трае сместувањето.
Исто така Судот донесе решение за запирање на извршувањето на поединечните акти или дејствија што се преземени врз основа на оваа одредба.
М.В