/ Прочитано:

4.596

Уставниот суд поведе постапка за одредби од Статутот на Адвокатската комора и укина одредби од Законот за извршување

Уставниот суд  поведе постапка за оценување на уставноста и законитоста на член 66 став 2 алинеја 6 од Статутот на Адвокатската комора на Република Северна Македонија.

Член 66 од Статутот на Адвокатската комора се однесува на барањето за прием во Комората и тој гласи:

Барањето за прием се доставува до Комисијата за прием.

Кон барањето за прием се приложуваат:

– кратка биографија

– универзитетска  диплома  за  дипломиран  правник  во  Република Северна Македонија со завршено четиригодишно високо образование на правни студии и стекнат VII/1 степен на образование или стекнати 300 кредити според Европскиот кредит-трансфер систем.

– доказ за положен правосуден испит

– уверение за државјанство

– уверение дека не е одземена деловна способност

– доказ за невработеност

Уставниот суд денеска  го укина  член 18 став 2 од Законот за извршување.

Членот 18 се однесува на наплата на камата и законска казнена камата и тој гласи:

(1) Кога во извршната исправа е определена наплата на камата од должникот, истата се пресметува и наплатува до денот на исплатата на средствата на посебната сметка на извршителот.

(2) Ако во извршната исправа се определени и трошоците на постапката, извршителот, по предлог од доверителот, ќе пресмета и ќе изврши наплата на законска казнена камата на износот на определените трошоци согласно пропишаната стапка, од денот на донесувањето на извршната исправа до наплатата.

>>>>>Поведена постапка за одредби од Законот за извршување во врска со казнената камата на трошоците на постапката

М.В