/ Прочитано:

1.083

Уставниот суд поведе постапка за одредби од Законот за контрола на квалитетот на земјоделските и прехранбените производи во надворешно-трговскиот промет

Уставниот суд, на иницијатива на Игорчо Точев од Кочани, поведе постапка за оценување на уставноста на:

– делот: „министерот за трговија“ од членот 6 став 2, членот 7 став 2, членот 9 став 2, членот 10 став 1, членот 11 став 1, членот 12 став 5, членот 13 став 2, членот 14 ставови 2 и 3, членот 16 став 1, членот 18 ставови 1 и 2 и членот 25 став 2;

– делот: „Министерство за трговија“ од членот 8 став 3, членот 11 став 2, членот 12 став 7 и членот 17 и

– делот: „Законот за стандардизација“ од членот 12 став 3 од Законот за контрола на квалитетот на земјоделските и прехранбените производи во надворешно-трговскиот промет.

Подносителот на иницијативата ги цитира одредбите од Законот за контрола на квалитетот на земјоделските и прехранбените производи во надворешно-трговскиот промет во кои се содржани оспорените делови, како и членот 62 став 1 и член 73 од Законот за организација и работа на органите на државната управа, според кои Министерството за стопанство и Министерството за трговија, сметано од 21.7.2000 година се обединиле во Министерство за економија и продолжиле со работа како Министерство за економија со надлежности утврдени со овој закон. Од наведениот датум, Министерството за трговија, како правен субјект, не било во правниот промет, а сепак со оспорените делови од одредбите биле пропишани надлежности за тоа министерство, како и за министерот за трговија.

Оспорените одредби содржат надлежности и овластувања за непостоечко министерство, односно непостоечки министер, поради што, според Судот, во правниот поредок на Република Македонија може да дојде до правна несигурност, нејаснотии и забуни во практикувањето на правото за субјектите кои се засегнати со конкретната правна проблематика, како и за органите кои го применуваат овој закон.

М.В