/ Прочитано:

1.834

Уставниот суд поведе постапка за одредби од Законот за семејството во врска со тужбата за оспорување татковство и мајчинство

Уставниот суд на Република Македонија поведе постапка за членот 67 став 2 и за членот 70 став 2 од Законот за семејството, со кои се предвидува тужбата за оспорување на татковството или на мајчинство детето да може да ја поднесе најдоцна до навршување на 21 година од животот.

Членот 67 од Законот за семејството гласи:

„Детето може да оспорува дека му е татко лице кое според овој закон се смета за негов татко.

Тужба за оспорување на татковство детето може да ја поднесе најдоцна до навршување на 21 година од животот.

Во случаи кога брачниот другар на мајката, во рокот утврден во членот 64 став 2 од овој закон, не поднел тужба за оспорување на татковство, а изјавил во тој рок пред центарот за социјална работа дека не се смета за татко на детето и кога мајката дала согласност за посвојување на детето на начин и во постапка утврдена во членот 106 од овој закон, тужбата за оспорување на татковство во рок од три месеца по истекот на рокот од членот 64 став 2 на овој закон, ја поднесува старателот на детето со одобрение на центарот за социјална работа.“

Членот 70, пак, од Законот за семејството гласи:

„Детето може да го оспорува мајчинството на жената која во матичната книга на родените е запишана како негова мајка.

Тужбата заради оспорување на мајчинство детето може да ја поднесе до навршување на 21 година од животот

За Уставниот суд проблематично од уставен аспект е зошто да има лимит до 21 година за детето да може да го оспорува татковството, односно мајчинството со тужба, поради што и е поведена постапката.

М.В