/ Прочитано:

692

УСТАВНИОТ СУД: Со прејудицирањата се врши директен притисок за нормално функционирање на Судот

„На 27.11.2019 година, Уставниот суд на Република Северна Македонија, по поднесената иницијатива за оценка на уставноста на членот 11-а од Законот за дополнување на Законот за помилување, расправаше и донесе Решение за поведување на постапка за оспорениот член од Законот. Постапката по предметот е во тек.

Уставниот суд со внимание ги следеше написите, коментарите, изјавите на претставници на одредени државни органи, дел од медиумите и поедини експерти, во кои беа изнесени невистини, обиди за прејудицирање на одлуките на Уставниот суд и невистинито информирање за исходот на гласањето, но и необјективни и нестручни коментари.

Судот смета дека со коментарите и прејудицирањата се врши директен упад и притисок за нормално функционирање на Судот и неосновано се повредува угледот на Судот и честа и личноста на уставните судии.

Темелни вредности на нашиот уставноправен поредок, покрај другите, се владеењето на правото и поделбата на власта. За Уставниот суд е неприфатливо некој да се меша или да влијае во неговата работа и одлучувањето. Одлуките на Уставниот суд се конечни и извршни и секој е должен да ги почитува Уставот и законите.

Обидите за омаловажување на Уставниот суд, неговиот углед и угледот на судиите, со прејудицирања на судските одлуки, со политички, а не со правни аргументи, не е во интерес на напорите за изградба на владеење на правото и правната држава“, соопштуваат од Судот.

Помилувањата на Иванов повторно актуализирани

Издвоено мислење на уставни судии во врска со решението на Уставниот суд за членот 11 од Законот за помилување

Уставниот суд не може да ја оценува уставноста на помилувањата затоа што тие веќе не постојат во правниот поредок

Уставниот суд в среда ќе ја разгледува уставноста на помилувањата

ИВАНОВ: Дејствував превентивно за да спречам меѓумакедонски судир кон кој туркаа некои вжештени глави

АБОЛИЦИЈА: Од помилувањето до поништувањето на одлуките

Претседателот Иванов ги поништи и преостанатите одлуки за помилување

Поништени одлуките за помилување на Груевски, Заев, Мијалков, Јанкулоска и неколку функционери од локалната власт

Претседателот Иванов ги повлече одлуките за аболиција на 22 политички експонирани лица

ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА ПОМИЛУВАЊЕ: Правна основа за поништување на помилувањето дадено од Претседателот на Републиката

ИВАНОВ: Сè уште нема правна основа за повлекување на одлуките за аболиција

По повикот на Иванов, Кабинетот ги примил првите барања за повлекување на одлуките за помилување

Одлуките на Иванов се незаконити, коментираат професори, адвокати и поранешни уставни судии

ОБЈАВЕНИ ПОМИЛУВАЊАТА: Груевски, Мијалков, Црвенковски, обвинители во СЈО

(ОБНОВЕНО) ОДЛУКА НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ИВАНОВ: Прекин на сите постапки против политичари

ПРЕДЛОГ ЗА ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ПОМИЛУВАЊЕ: Претседателот да не помилува за незаконско прислушување и злосторничко здружување

НАМЕСТО ДА ГО ШТИТИ, УСТАВНИОТ СУД ГО ПОВРЕДИ УСТАВОТ – Уставните судии кои не гласаа за укинување на измените на Законот за помилување

„Уставниот суд да не се става во улога на законодавец, туку да го штити начелото на поделба на власта“– ИГОР СПИРОВСКИ, адвокат и поранешен уставен судија

Под аргументот „еднаквост на граѓаните“ некој станува „поеднаков“ од другите – адвокатката Сузана Јошевска-Анастасовска за одлуката Уставниот суд

М.В