/Прочитано:

727

Уставниот суд в среда ќе ја разгледува уставноста на помилувањата

Во периодот додека беа на сила помилувањата, беа прекинати сите предистражни и истражни постапки што ги отвори Специјалното јавно обвинителство, а кои се однесуваа на лица опфатени со помилувањето. Исто така, беа прекинати и судските процеси кои се водеа против лидерот на СДСМ, Зоран Заев, и останатите обвинети во случајот „Пуч“, и судењето за предметот „Поткуп“, во кој, исто така, беше опфатен Заев.

Уставен суд табла на влез

Одлуките за помилување – ослободување од гонење без спроведување, кои претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов ги донесе на 12 април оваа година, ќе бидат оценувани од страна на Уставниот суд на седницата закажана за оваа среда.

Иницијативата за оценување на уставноста на одлуките на Иванов е поднесена веднаш по нивното објавување, но ќе се најде пред уставните судии по речиси седум месеци.

Помилувањето на 56 политичари и нивни соработници предизвика револт, што граѓаните го изразија на улиците во повеќе градови на Македонија.

По силниот домашен и меѓународен притисок, на 27 мај претседателот Иванов ги повлече аболициите само за политичарите, а подоцна, на 6 јуни, беа повлечени сите аболиции.

М. С.