/ Прочитано:

2.067

Уставниот суд во врска со предноста во рангирањето на кандидат за извршител со подолг работен стаж кај извршител, адвокат и нотар

Уставниот суд не поведе постапка за оценување на уставноста на членот 34 ставот 8 во делот: „Предност во рангирањето има оној кандидат со подолг работен стаж стекнат кај извршител, нотар, адвокат, во правосудни органи и органи на државна управа од областа на правосудство и финансии“ од Законот за извршување.

Според членот 34 ставот 8 од Законот за извршување, Комисијата при изготвување на ранг-листата, доколку кандидатите имаат ист број на освоени поени, го зема предвид времетраењето и видот на работниот стаж. Предност во рангирањето има оној кандидат со подолг работен стаж стекнат кај извршител, нотар, адвокат, во правосудни органи и органи на државната управа од областа на правосудството и финансиите.

„Имајќи го предвид значењето на извршителите како лица кои вршат јавни овластувања во согласност со закон, именувани од Министерството за правда, основана е определбата на законодавецот да создаде нормативни претпоставки со кои ќе се обезбедат оптимални предуслови за стручно и квалитетно извршување на оваа значајна јавна служба, во која смисла и да ги определи условите под кои едно лице може да стекне право да спроведува извршување. Оттука, според Судот, определбата на законодавецот, времетраењето и видот на работниот стаж да влијаат при рангирањето на кандидатите за извршител, во ситуации кога кандидатите имаат ист број на освоени бодови, при што предност во рангирањето има оној кандидат со подолг работен стаж стекнат кај извршител, нотар, адвокат, во правосудни органи и органи на државна управа од областа на правосудство и финансии, претставува еден од посебните услови што законодавецот ги пропишал за именување на извршител со цел стекнатите знаења и искуства да помогнат поквалитетно да се извршува должноста извршител, на кој начин се елиминира субјективниот елемент при избор на извршител“, посочуваат од Судот.

M.В