/ Прочитано:

3.823

СЕРВИСНИ ИНФОРМАЦИИ: Усвоен Генералистичкиот урбанистички план на Град Скопје

Вторник, 4 декември 2012 – Новиот Генералистички урбанистички план (ГУП) изработен од Агенцијата за просторно планирање за периодот од 2012-2022 година зафаќа 8.790 хектари, димензиониран е за 634.200 жители, го дели градот на 162 кварта и предвидува можности за економски развој. ГУП едногласно е изгласан од Советот на Град Скопје. 

Ново во овој ГУП е што територијата на Скопје е поделена на 162 градски кварта во 11 реони, со кои се предвидува да се даде поголема слобода на општините во планирањето на просторот. Освен ова, во овој ГУП влезе и општина Сарај која со територијалната поделба од 2004 година влезе во состав на Градот. Со новиот ГУП, се предвидува дефинирање на границите, дополнителни 1.000 хектари просторно земјиште, зголемување на постојното население, изградба на линиски сообраќајници, надземни и подземни. Исто така, се очекува зголемување на можностите за развој и инвестирање, како и можност за легализација на нелегалните објекти.