Усвоен текстот на Предлог-законот за висока раководна служба
На предлог на Министерството за информатичко општество и администрација, Владата го утврди текстот на Предлог-законот за висока раководна служба.
„Целта на законот е да се воспостави високата раководна служба заснована на начелото на стручност и заслуги, како механизам за подобрување на организациските капацитети и зајакнување на доброто управување во институциите на јавниот сектор, со што едновремено ќе се направи јасна разлика помеѓу политичките избрани и именувани лица и администрацијата.
Предлог-законот е во насока на професионализација на високата раководна служба како еден од клучните предуслови за унапредување на организациските капацитети и зајакнување на доброто управување во институциите на јавниот сектор“, соопштуваат од Владата.
Јавна расправа за Законот за висока раководна служба
МИОА подготвува Закон за висока раководна служба
М.В