/ Прочитано:

568

Усвоена информацијата за Конвенцијата за соработка во поглед на родителската одговорност и  мерките за заштита на децата

Владата ја усвои информацијата за потпишување на Конвенцијата за надлежност, меродавно право, признавање, извршување и соработка во поглед на родителската одговорност и за мерките за заштита на децата, усвоена во Хаг во 1996 година.

Конвенцијата има цел заштита на децата изложени на ризик во прекугранични ситуации, за заштита од прекуграничната трговија со луѓе и експлоатацијата на децата во услови на војни, миграции, граѓански немири или природни катастрофи.

М.В