Усвоена информацијата за признавање на високообразовните квалификации во Западен Балкан

„Владата  ја усвои  информацијата за признавање на високообразовните квалификации во Западен Балкан. Основа за непречено признавање на квалификациите се системите за квалитет во високото образование преку практикувањето на одредбите од Стандардите и насоките за обезбедување на квалитет во европскиот простор на високото образование (ESG 2015), како и Националните рамки на високообразовните квалификации (QF EHEA). Декларацијата за признавање на високообразовните квалификации во земјите од Западен Балкан претставува израз на определбите за доследна примена на препораките од болоњскиот процес, но и настојувањата за придобивка за граѓаните од овие земји, чија мобилност на пазарот на труд или во високото образование ќе биде непречена и едноставна“, соопштуваат од Владата.

М.В