Усвоена Националната платформа за намалување на ризици од катастрофи
Владата ја усвои Националната платформа за намалување на ризици од катастрофи. Националната платформа за намалување на ризици од катастрофи, информираат од Владата, е документ кој на системски начин ги поттикнува и обврзува субјектите на системот за управување со кризи, заштита и спасување, да дејствуваат на многу поорганизиран и ефективен начин за рано предупредување, превенција, намалување и санирање на последиците од можни катастрофи. Со оваа Платформа, Владата ги поставува и развива системите и стандардите за спречување и намалување на последиците од катастрофи, користејќи ги научните и стручните капацитети, особено обврските што произлегуваат од бројните резолуции на ООН, меѓународните рамки, директивите на ЕУ поврзани со цивилната заштита, НАТО-стандардите и компаративните искуства од другите држави и меѓународни организации и асоцијации.