Усвоена Националната програма за правото на ЕУ
„Владата ја разгледа и усвои Националната програма за усвојување на правото на ЕУ 2021-2025 и го задолжи Секретаријатот за европски прашања да ја достави до Собранието на Република Северна Македонија, најдоцна до 5 јули 2021 година, а до Европската комисија најдоцна до 31 јули 2021 година.
Националната програма за усвојување на правото на ЕУ е најкомплексниот и еден од најобемните стратешки и програмски документи на Северна Македонија за насочување на процесот на европска интеграција, ги дефинира приоритетите, стратегиите, динамиката и потребните ресурси за усогласување на националното законодавство со европското право, како и активностите за прилагодување на националните институции кон европските административни структури. Клучната цел на НПАА е да ја исцрта националната траекторија до нашето членство во Европската Унија, рефлектирајќи ја со тоа политичката заложба и одлучност за длабоки реформи“, соопштуваат од Владата.
М.В